30 Април, 2024
0.0275

РАБОТНО ИСКУСТВО ОД КРУЗЕР: Работата е тешка, не е за секој, но има добра плата!

Објавено во: Стил 11 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Пред 15 години Бранислав Младеновиќ од Белград, поради невозможноста во Србија да си обезбеди минимални услови за живот, дошол на идеја да се распраша за работа на брод. Меѓутоа, како вели, тогаш не бил подготвен да се впушти во таа авантура, за да сега после осум патувања по шест месеци, се подготвува да тргне во својата деветта авантура на брод.

„Пред пет години дефинитивно одлучив да пробам нешто ново и да видам што можам да направам, да одам од земјата, да си ја пробам среќата. Не видов перспектива за себе овде, мали се платите, можноста за напредување речиси да нема, посебно ако се тргнува од некои ниски позиции, многу е тешко човек да направи нешто од својот живот“, вели Младеновиќ.

Последните пет години работи за компанијата  “Princess cruise lines”, а моментално е на рецепција како супервизор. Како што рекол „патот да таа позиција бил долг и тежок“. Кариерата на крузерот ја почнал како бар стјуард и на тоа место се задржал во траење од два договори. После тоа, му се укажала шанса на бродот да ја промени позицијата, што Бранислав ја искористил и следните неколку договори ги работел како рецепционер и добил унапредување.

Работата е тешка и не е за секој

Вели дека следното што го чека е менаџерска позиција, иако тврди дека до тоа унапредување не се доаѓа лесно.

„Се доаѓа со тешка работа, залагање, со доста откажување. Не е лесно, се работи шест месеци секој ден, не е работа за секој, човек мора да биде не само физички, туку најмногу психички подготвен на мала кабина, на одредени услови за работа, на поинаков начин на живот. Повеќе е некој воен стил, не во целост, но постојат правила . Кога човек на сето тоа се навикне и сфати што сака, никакви проблеми нема, потоа оди се само од себе“.

Без разлика што е живот и работата на брод тешка и напорна, Бранислав овој начин на живот им го препорачува на сите кои сакаат да променат нешто во својот живот. Додава како освен знаење на англиски јазик „Потребна е добра волја и насмевка за почетни позиции“.

Вели дека работниот ден на брод трае околу шест часа, се доручкува, а после тоа почнува работата. Тој работи во канцеларија од 7 наутро до 12, потоа до 15 часот има пауза после која продолжува да ја извршува својата должност до седум, осум навечер.

Во слободното време вработените на крузерите може да уживаат во удобностите кои ги имаат и гостите, но во одредено време.

Од чистачи до фотографи

„Има работа од чистачи, готвачи, слаткари, месари, келнери, рецепционери, фотографи, се што е потребно и во еден хотел. Повремено постојат некои технички работи, за електричари, механичари, така да се што му треба на еден хотел-брод со три илјади патници, сите позиции се отворени“.

Просечната плата зависи од искуството и знаењето на јазикот на самиот работник, а се движат од 600 до две три илјади долари. После напредувањето, платите можат да одат и до четири илјади долари месечно.