26 Април, 2024
0.0273

Радован Витошевиќ поставен за директор на Југоисточна Eвропа на компанијата myWorld

Објавено во: Мои пари 20 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Генералниот директор на компанијата myWorld (мајВорлд), Радован Витошевиќ, е поставен за регионален директор на компанијата за Југоисточна Европа. Компанијата myWorldкоја изминатата година прослави 10 години постоење на македонскиот пазар успешно ги гради своите планови преку одлична менаџерска политика, а доказ за тоа е што управниот директор Радован Витошевиќ, придонесе за голем успех во myWorldБугарија, myWorld Косово и myWorld Албанија како нивен регионален директор.

Компанијата myWorldсе темели на неколку основни елементи на успешен шопинг екосистем како што се купувачи и трговци, мрежа на микро, мали и средни претпријатија, како и големи бизниси, онлајн и офлајн платформи. Од едноставна бенефит платформа, myWorld прераснува во светска сила во онлајн продажбата, услугите за патување и сместување, и полека влегува во индустријата на дигитален маркетинг. Под капа на оваа групација се повеќе брендови и индустрии: myWorld.com, marketplace.myWorld.com, travelWorld.com, Benefit Lounge, OneSense, @media, eVoucher и итн.

“Успехот во Македонија изминатите години и успешната бизнис приказна која ја градиме веќе 11 години, не само кај нас, туку и во Бугарија, Албанија и Косово, претставуваше мотив за мене и целиот тим да работиме напорно и посветено. Менаџментот на компанијата го препозна тоа, и резултатите кои ги постигнавме, беа причина да бидам назначен за регионален директор за Југоисточна Европа. Многу сум среќен што сега ќе имам прилика да придонесам за развој на останатите пазари во регионот и да продолжиме да ја шириме успешната приказна. Горд сум што сме пионери во лојалната индустрија и заедно со овие пазари од овој дел на Европа ќе поставиме нови стандарди на работа и ќе ја зголемуваме куповната заедница низ светот.” – изјави Радован Витошевиќ.

Неговото унапредување во регионален директор на Југоисточна Европа е сведоштво за неговата извонредна посветеност низ годините. Неговата експертиза во областа на бизнис и менаџмент ќе ја имплементира во своето менаџирање како регионален директор на вкупно 11 земји вклучително и Грција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора – предизвик којшто одлично го прифаќа со ентузијазам.

Компанијата myWorld Holdings Ltd. London во светот брои повеќе од 15 милиони членови кои можат да пазаруваат онлајн и да добиваат Cashback и Shopping поени преку својата лојална програма. За возврат, партнерите имаат корист од ефикасните програми за лојалност, што им помага да ја зголемат својата видливост. Повеќеод 150.000 партнери на над 50 пазари веќе ја користатпрограмата myWorldBenefit.Плановите на компанијата myWorld Holdings Ltd. London во наредниот период се да се зголеми бројот на партнери, комплетно да се дигитализираат и да понудат решенија кои ќе бидат први во светот.

Радован Витошевиќ, е добитник на неколку престижни награди, а прогласуван е за Менаџер на Годината од MenoftheYearво 2020 и BusinessElite’s“40 Under 40” во 2021 во Македонија, како и добитник на BusinessClassнаградата во Бугарија. Радован е и најпродаван автор со книгата Будење на свеста, која претставува четиво за личен развој, a напишана заедно со неговата сопруга, Катерина Ангеловска, која е преведена на неколку јазици и успешно се продава преку сите светски платформи.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“