Рама: Ако ЕУ се прави на „тошо“ ќе разгледаме и други алтернативи
Објавено во: Балкан 03 Јули, 2017
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека по една година Албанија ќе почне да преговара за членство во Европската унија.
„Немаме друга алтернатива. Очекуваме да почнеме преговорите со ЕУ оваа година. Но нема да се изненадам и ако не ги започнеме. Не затоа што не сме ги исполниле барањата, туку затоа што не можеме да сметаме на ЕУ кога станува збор за соработка со држави како Албанија. Сепак, ќе продолжиме во оваа насока и со оваа визија во насока на ЕУ, бидејќи ние сме најевроцентричната држава во регионот“, вели Рама во интервју за телевизијата „Франс 24“.
Рама вели дека за некои ЕУ е обичен финансиер, но за Албанија тоа е најстабилен мировен проект. Според Рама ЕУ е оној кој не е доследен во своето однесување, што се однесува до европските аспирации на Тирана.
Ако ЕУ се оддалечи од желбата на Албанија за интеграција во ЕУ, ќе разгледаме и други алтернативи, кои ќе се појават, смета премиерот на Албанија.