Рама до Иванов: Aлбанскиот не е јазик на непријателот, без Албанци нема Македонија
Објавено во: Балкан 17 Март, 2018
Премиерот на Албанија, Еди Рама, на својот профил на Фејсбук упати критики до македонскиот претседател, Ѓорге Иванов затоа што тој одби да го потпише Законот за јазиците.
,,Иванов, албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку е јазик на уставотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија почитуван претседател Иванов“- напишал Рама.
Албанските медиуми пишуваат дека Рама при донесувањето на законот, ја изнел оценката дека законот за употребата на албански јазик во Македонија е од историско значење“.Иванов најави дека нема да го потпише указот за Законот за употреба на јазиците.