26 Април, 2024
0.0267

Рамсторе заедно со своите потрошувачи и вработени донираа 2,5 тони храна по повод Светскиот ден за борба против гладта

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

По повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладта, а во насока на визијата на Рамсторе која има за цел да превземе активности, чувствителни кон општеството и околината, се организираше  волонтерска акција помеѓу своите  вработени и потрошувачите  под мотото “ЗАПОМНИ! Еден од шест луѓе си легнува гладен секоја вечер”.


Кампањата која траеше една недела и се спроведуваше во неколку поголеми маркети на Рамсторе покажа голем интерес како од страна на вработените на сите Рамсторе маркети  така и од страна на потрошувачите кои имаа можност да донираат во три поголеми Рамсторе маркети. Не радува фактот што за краток период  се собраа  2,5 тони (или околу 5000 парчиња храна) и истите се  доделија на Црвен крст на Република Македонија, со цел да се помогне на населението од ранливите категории.

“Секоја компанија која своите успешни резултати ги остварува благодарение на довербата на своите потрошувачи, тежнее кон тоа да и возвраќа на локалната заедница. Вредностите врз кои Рамсторе го темели својот успех се квалитет, врвна услуга, доверба, иновации во работењето и разбирање за потребите на локалната заедница. Рамсторе, практикува високи малопродажни стандарди, се грижи за своите вработени, со добавувачите гради фер односи, и истовремено развива релевантни општествено одговорни практики. Големиот интерес од страна на нашите вработени и потрошувачите и нивната инволвираност во акцијата е доказ за постоење на хуманост и солидарност. Во оваа прилика од дното на срцето сакаме да им се заблагодариме на сите потрошувачи и вработени на Рамсторе за силната желба за пружање помош и поддршка на најранливите категории граѓани”, истакнаа од Рамсторе.


Ние како компанија  ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти со  цел да го побудиме хуманиот дел  и да го поттикнеме чувството на солидарност и хумана димензија кај сите. 

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет