Расте бројот на починати од мали сипаници во Србија
Објавено во: Балкан 07 Март, 2018
Бројот на починати од мали сипаници во Србија се зголеми.
Од Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ во Србија потврдуваат
дека уште две лица на возраст од 30 и 43 години починале од мали сипаници со
што вкупната бројка на жртви се искачи на девет. Кај последните две жртви дошло
до воспаление на белите дробови.
Според податоците од српските медиуми од октомври 2017 година во
Србија се регистрирани 3.162 заболени од мали сипаници. Најмладиот пациент било
бебе од 15 дена, а најстариот имал 70 години. Повеќето од жртвите биле
невакцинирани или со непознат вакцинален статус.