РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Почина уште еден повреден во нападот во Москва
Објавено во: Свет 29 Март, 2024
Почина уште едно лице кое беше повредено во терористичкиот напад во Москва минатиот петок.
Информацијата ја потврди рускиот министер за здравство Михаил Мурашко. Уште неколку повредени се во тешка состојба. Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми. Терористите кои го извршија нападот се од Таџикистан. Загинаа над 140 луѓе, а преку 300 се повредени.