01 Мај, 2024
0.0294

Растот НУЛА, а банкарските профити РЕКОРДНИ

Објавено во: Економија 13 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Над 106 милиони евра заработиле македонските банки минатата година. Профитот на банкарите во годината во која македонската економија имаше нула економски раст е највисок во историјата. Во 2016 година сите банки заработија 102 милиони евра, што практично значи дека минатат година профитот по оданочување е за четири милиони евра повисок и автоматски тоа е најдобрата година за македонските банки во кои сепак капиталот е доминантно странски. Но, профитите не ги делат сите банки еднакво. И лани малите банки биле во загуба вредна 472 илјади евра. Групата средни банки прикажала добивка од 11,5 милиони евра, додека четирите големи банки заработиле за една година фантастични 95,6 милиони евра.

ОД ПРОВИЗИИ 71 МИЛИОН ЕВРА

Според податоците од годишните биланси кои ги објави Народната банка, лани вкупните нето приходи на банките од камати изнесуваат речиси 255 милиони евра. А само од провизии и надоместоци изнесуваат дури 71 милион евра.

Ако се анализираат само каматите банките од домаќинствата лани од камати за кредитите кои ги земале наплатиле 150 милиони евра.

Инаку банките имаат приходи и расходи по повеќе основи. Меѓу тие останатите приходи кои вкупно изнесуваат 51 милион евра, највисоки се приходите кои се водат како капитални приходи од продажба на средствата кои пак се 16,3 милиони евра.

Заклучно со третиот квартал лани вкупната добивка на банкарскиот сектор беше 75 милиони евра, што значи дека само во последниот квартал прикажале добивка од над 31 милион евра или вкупната заработка за цела година е речиси 106,5 милиони евра.

ВИСОКИ КАМАТИ

Домашните банки се едни од најдобрите компании во земјава и со години тие имаат неверојатни заработки. Банкрскиот сектор остана имун и на политичките турбуленции и покрај тоа што во кулминацијата на кризата, дел од граѓаните ги повлекуваа депозитите. Сепак ниту една криза не влијаеше на нивните заработки. Дел од економските експерти сметаат дека е добро што македонскиот банкарски сектор и низ кризата покажа исклучителна стабилност. Велат дека заработките сепак се должат на високите приходи од каматите на кредитите кои и покрај падот на приносите на светско ниво кај нас остана високи. Од друга страна, каматите на штедењето паднаа на историско најниско ниво. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?