Реакции од граѓани откако Касами напиша дека Тетово е албански главен град во Македонија
Објавено во: Македонија 22 Март, 2023
Добредојдовте во албанскиот главен град во Северна Македонија!, стои во објава на Фејсбук на тетовскиот градоначалник Билал Касами.
Граѓаните во коментари му пишуваат дека тоа е дрско однесување, прашуваат дали е градоначалник на Тирана и му забележуваат дека Тетово е многу валкан град и лошо место за живеење. Некои му порачуваат на Касами да не бара втор мандат. Но, меѓу бројните коментари на Македонците, Албанец пишал дека не Тетово, туку Скопје е главен град на Албанците во Македонија.
На националистичката реторика на тетовскиот градоначалник реагираше и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски кој исто така е од Тетово. Тој вели дека Тетово е убав македонски град каде живеат различни народи, со различни култури и религии како богатство.