12 Февруари, 2025
0.0272

Речиси секој трет тендер е со еден понудувач

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јуни - декември 2016 година.

Клучни наоди од мониторингот на јавни набавки се:

·  Во 2016 година дури 23% од тендерите се целосно или делумно поништени. Почесто се поништувани поголемите, отколку помалите тендери. Во мониторингот се евидентирани низа примери на проблематични поништувања на тендерите.

·  Речиси секој трет тендер е со еден понудувач. Ова е последица, пред сè, на малата конкуренција евидентирана во првото полугодие од 2016 година.

·  Бирократизацијата на постапките за јавни набавки со барањата согласност од Советот за јавни набавки не губи значително од интензитетот. Во 2016 година договорните органи до Советот за јавни набавки вкупно доставиле 16.067 барања за согласност, што ги чинело вкупно 1,8 милиони евра.

·  Иако била планирана во сите тендери, е-аукцијата е одржана само во 55% од мониторираните постапки.

·  Во 2016 година се склучени 605 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 34,8 милиони евра. Вредноста на овие договори е за 20%  повисока од 2015 година. Најголемиот договор преку оваа нетранспарентна постапка го има склучено АД Електрани на Македонија за ископ на јаглен и јаловина за ПЕ Рудници, РЕК Битола, во вредност од околу 5,8 милиони евра.

·  До Државната комисија за жалби по јавни набавки во 2016 година доставени се само 557 жалбиод фирмите. Бројот на жалби упатува на исклучително мал процент на обжалени постапки за јавните набавки од страна на фирмите од 3%. 

Извештајот од мониторингот е достапен и на www.ccc.org.mk. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk

Можеби ќе ве интересира

Семејна фирма на поранешен директор на ТЕЦ Неготино доби земјоделско земјиште од државата под закуп

Семејна фирма на поранешен директор на ТЕЦ Неготино доби земјоделско земјиште од државата под закуп

КОЈ ЌЕ ИЗГУБИ НАЈМНОГУ ВО ЦАРИНСКАТА ВОЈНА МЕЃУ ТРАМП И СВЕТОТ – како ќе се одразат овие даноци врз македонската економија

КОЈ ЌЕ ИЗГУБИ НАЈМНОГУ ВО ЦАРИНСКАТА ВОЈНА МЕЃУ ТРАМП И СВЕТОТ – како ќе се одразат овие даноци врз македонската економија

Претседателката на КХВ поднесе оставка на три години пред истек на мандатот! Претежок ли е притисокот од случајот „Македонијатурист“?

Претседателката на КХВ поднесе оставка на три години пред истек на мандатот! Претежок ли е притисокот од случајот „Македонијатурист“?

БОЈКОТОТ СЕ ШИРИ НИЗ ЕВРОПА: Од Балканот до некои земји од Европската Унија, високите цени им се преку глава на сите

БОЈКОТОТ СЕ ШИРИ НИЗ ЕВРОПА: Од Балканот до некои земји од Европската Унија, високите цени им се преку глава на сите

ЕВЕ КАДЕ ПОЧНУВА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Интензивно се работи на воведување

ЕВЕ КАДЕ ПОЧНУВА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Интензивно се работи на воведување

НИ ОБРОК ОД ПЕТ ДОЛАРИ НЕ ПОМОГНА: Падна профитот на најпознатиот ресторан за брза храна

НИ ОБРОК ОД ПЕТ ДОЛАРИ НЕ ПОМОГНА: Падна профитот на најпознатиот ресторан за брза храна

ЗА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ: Владата одлучи да ги субвенционира сметките за струја

ЗА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ: Владата одлучи да ги субвенционира сметките за струја

ПРИЛИВ НА ПАРИ ОД ГЕРМАНИЈА, ИРСКА, ХОЛАНДИЈА: Oд кои други земји Хрватите испраќаат пари во татковината?

ПРИЛИВ НА ПАРИ ОД ГЕРМАНИЈА, ИРСКА, ХОЛАНДИЈА: Oд кои други земји Хрватите испраќаат пари во татковината?

МИТЕВА: Владата ќе ги ограничи маржите на 10 отсто во трговијата на мало и големо на основните прехранбени производи

МИТЕВА: Владата ќе ги ограничи маржите на 10 отсто во трговијата на мало и големо на основните прехранбени производи