07 Декември, 2025
0.0279

РЕКОРДНО ТОПЛО: На традиционално студениот север сега се капат

Објавено во: Стил 31 Мај, 2018 19:21

Добивај вести на Viber

Скандинавците се капат во мај, иако претходно тоа не било пракса. 

Температурите на северот на Европа во мај го соборија рекордот, а како што оценува американската агенција АП, заради горештините Скандинавците се принудени да се засолнат и освежат во фјордовите и пред официјалниот почеток на летотот на 21 јуни.

На западниот брег на Норвешка температурите достигнаа речиси 33 степени, додека во Данска во мај се регистрирани 348 сончеви часови.

Во областа Етна, на западна плажа во Норвешка, температурата вчера достигна до 32,7 степени, што е рекод за мај месец.

Данските метеоролози истакнаа дека во овој месец веќе е пробиен рекордот што се однесува до сончевата светлина од 348 сончеви часа забележани до вчера, а денес се очекува да бидат вкупно 360. Изминатиот рекорд беше 347 часа.

Ширум јужна Норвешка, луѓето се капеа, а во многумина општини во Шведска е забрането палењето на оган на отворено поради сувата шума и тревата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: