26 Април, 2024
0.0313

Реновирана е Телеком продавницата во Кавадарци

Објавено во: Мои пари 18 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком продолжува со реновирање на продавниците низ државата, процес со којшто, освен нови атрактивен амбиент како резултат на модерниот дизајн, на корисниците им нуди можност одблиску да се запознаат со врвните услуги и решенија. Па така, денеска e отворена реновираната продавница во Кавадарци, каде што, како и во останатите Телеком продавници, при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух на градот.

Со реновирањето, Телеком продавницата во Кавадарци нуди врвна услуга од тимот на искусни продажни агенти, одличен преглед на уредите, како и на останатите понуди од богатото портфолио на компанијата. Продавницата има нов интерактивен продажен концепт со самоистражување низ забава, но овозможува и функционално запознавање со сите комуникациски услуги на Македонски Телеком.

Реновираната Телеком продавница во Кавадарци покрај подобрата услуга, за посетителите нуди мултимедијално искуство, кое побрзо доведува до корисничка одлука и до задоволување на индивидуалните потреби. Отсега жителите на Кавадарци, но и граѓаните од регионот, во продавницата можат брзо и лесно, сè на едно место, да го најдат она што им одговара најмногу, овозможувајќи им на тој начин беспрекорно корисничко искуство.

Со континуираните инвестиции, Македонски Телеком и натаму останува на својата стратешка определба да продолжи да обезбедува врвни технолошки решенија, предводејќи го процесот на дигитализација на општеството и истовремено водејќи грижа за задоволување на интересите на секој корисник поединечно. Компанијата е фокусирана на македонските граѓани да им се донесат најдобрите комуникациски решенија и услуги со што ќе можат да уживаат во придобивките на модерното време.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“