03 Мај, 2024
0.0303

Рентакар компаниите на тешки маки - немаме работа, а немаме ни соодветна помош од државата

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Рентакар компаниите, кои, како што велат од еснафот, се значаен сегмент на стопанството и придвижуваат неколку други дејности, во услови на криза оставени без соодветна финансиска помош се соочени со опасност од целосен колапс на секторот, реагира Групацијата на рентакар компании при Сојузот на стопански комори на Македонија.

„Почнувајќи од март, кога започна пандемијата која ги затвори аеродромите и границите нашата гранка доживеа огромен пад во работата со што се најдовме во групата на најзагрозени дејности во државата. Падот за 2020 година е поголем од 80 отсто со што се доведува во прашање понатамошното егзистирање на нашата дејност. Соочени со многу големи режиски трошоци како закуп на шалтери на аеродромите, регистрирање на возилата со дополнителна доплата на осигурување од 100 отсто, задолжително вадење на зелен картон при регистрација, губење на вредност на капиталот, амортизација на возилата, се доведуваме во ситуација да не можеме да ги испочитуваме нашите обврски за одржување на деловната активности“, изјави Рамадан Идризи, претседавач на Групацијата на рентакар компании.

Работата на овој сектор во последните години е отежната и поради проблемот на нелојалната конкуренција. Имено додека регистрираните компании имаат големи трошоци за да го задржат високиот стандард и квалитет на услугата и да им парираат на компаниите од европските држави, има огромен број на нерегистрирани субјекти, како плацови за продажба на возила, каде приватни лица кои поседуваат по неколку возила без притоа да ги исполнат законските услови  настапуваат на пазарот и земаат голем дел од работата.

„Соочени со негрижа за оваа дејност од страна на надлежните институции кои треба да постават механизми за сузбивање на сивата економија, рестрикции за вршење на дејноста кои ги наметна кризата како и несоодветните економски мерки за поддршка на секторот бараме итно Владата да ги разгледа состојбите и да обезбеди неповратна финансиска помош за овие компании како и да изготви посебен пакет на мерки прилагоден на специфичноста на дејноста со цел да се спречи целосен колапс на оваа стопанска гранка без можност за понатамошна егзистенција“, изјави Владимир Граматиков,  претседател на Туристичко-угостителската комора.

На територијата на град Скопје има регистрирано повеќе од 50 рентакар компании, а во целата држава бројот надминува 200 компании. Во минатата 2019 година овие компании оствариле вкупен прилив на девизи од странство во висина од над 20 милиони ера. Тие се меѓу најголеми купувачи на нови возила во земјава. Минатата година овие компании ги набавиле 31 отсто од вкупниот број на продадени нови возила во државата. Истовремено преставуваат значаен сегмент во работењето на центрите за сервис бидејќи рентакар возилата неколку пати годишно се сервисираат во овластен сервис. Значаен удел имаат и во увозот на пневматици бидејќи почитувајќи го постоечкиот закон и грижејќи се за  безбедноста на клиенти остваруваат огромен промет во набавката и промената на летни и зимски пневматици.

Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите