04 Мај, 2024
0.0342

Реплек се враќа на голема врата – 1.800 денари дивиденда по акција, а до 2027 се планира нејзин раст до најмалку 6.000 денари по акција

Објавено во: Македонија 24 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Фармацевтската компанија Реплек најави исплата на дивиденда од 1800 денари по акција за своите акционери за 2022 година. Денес оваа информација е објавена на Македонската берза за хартии од вредност, каде што се објавени и другите предлог одлуки за годишното Собрание на акционери, кое ќе се одржи на 26 април годинава. Дивидендата што оваа година ја најави Управниот одбор на компанијата е добра вест за акционерите кои минатата година не добија дивиденда. Амбициозната бизнис политика на компанијата, по успехот на странските пазарите и консолидирањето на домашниот, продолжува. Во рамки на одлуките кои компанијата ѝ ги достави на Берзата, е и предлогот за среднорочна дивидендна политика. Со овој документ се создава поголема предвидливост на исплатата на дивидендата на подолг временски период, што е значајно за акционерите, но ќе обезбеди и подобри услови за континуиран развој.

Среднорочната дивидендна политика е особено важна за инвеститорската јавност, бидејќи создава можност за прибавување дополнителен капитал по поволни услови за вложување. Дивидендната политика ќе се базира на неколку принципи и тоа остварување на годишна профитабилност на друштвото во распон од 60отсто до 150 отсто, од последниот тригодишен просек, континуирано намалување на релативното ниво на задолженост и проширување и осовременување на работењето преку инвестирање. Од годинава па сѐ до 2027 година се предвидува зголемување на дивидендата, која за 2023 година најмалку ќе изнесува 2000 денари, а во 2027 година истата треба да достигне најмалку 6000 денари по акција. На акционерското собрание, покрај за другите документи ќе се дискутира и за предлог одлуката за дивиденден календар, односно динамиката за исплаќање на дивидендата за 2022 година.Минатата година „Реплек АД“ Скопје оствари раст на продажбата од 9 отсто на странските пазари. Приходите од продажба на домашниот пазар во текот на 2022 година се зголемени за 3 отсто, а консолидираната добивка пред оданочување изнесува 97,9 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината