09 Мај, 2024
0.0299

РЕПОРТАЖА ОД КИНА: “Инвазија“ во филмската индустрија !

Објавено во: Економија 26 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Неможејќи да се одбрани од продорот на интернетот, кој стана мост за поврзување, извор на информации, детерминанта на секојдневнието, и Кина ги отвори вратите за социјалните мрежи. Но, на свој начин. Во глобалниот свет, таа создаде свој. Во моментот кога стапнав на кинеско тло се збогував со нашиот “Фејсбук“. Тој и Твитер се забранети од Кина.

Сопствен “интернет“ свет....

На пешачки премин, на семафор, на мотоцикл, во автобус, во продавница, ресторан, во воз. Ниту се бира место, ниту се бира време за “сурфање“ на интернет.  Буквално Kинезите се зависни од мобилните апарати.  Интернет инвазија владее на Далечнот Исток. Но, Кина изгради свој интернет свет. Во првиот момент кога стапнав на кинеско тло се збогував со нашиот “Фејсбук“. Таму оваа опликација е под блокада, исто како и Јутјуб. 

Како пандан на “Твитер“, Кина го има “Weibo“, име кое се поклопува со кинескиот инвеститор во Македонија “Веибо“ кој пред неколку години влезе во текстилната индустрија.  На оваа социјална мрежа, кој е блиска на Twitter,  може да се коментира а  корисниците  можат да се организираат во групи.

Една од наjпoпуларните социјални мрежи за “чатање“ е “We-chat“, која по структурата  е поблиску до Фејсбук. Може да се поставувaат и фотографии и да се коментира. Од неодмна Владата дозволила и оргaнизирање во “групи“ на социјалната мрежа, но  групата мора да има назначено организатор кој во одредени “непожелни“ ситуации ќе ја преземе одговорноста за нессодветно искажани ставови или објавување на несоодветна содржина.

“Владата не се плаши од критика. Друго е прашањето за колективна акција која може да наштети на државните интереси, и доколку има такво нешто, тогаш групата, статијата, се блокирани на интренет“ – објаснуваат експертите.

Кинески експерт од областа на медиумите и социјалните мрежи објаснува дека во Кина се поважен станува моделот на  “PublicHearing“ – процес преку кој во Кина се слуша гласот на граѓаните. Така на пример, доколку има незадоволство од зголемување на цената на оризот, тогаш се организара “PublicHearing“ за граѓаните да пратат порака до државното лидерство дека има проблем кој треба да се реши.

“По економските реформи луѓето се повеќе се обраќаат на медиумите со намера и надеж дека ќе се слушне нивниот глас. Друг начин на политичко учество на граѓаните  се протестите против владини одлуки, но такво нешто е многу ретко“ – велат експертите.

За да се види значењето на социјалните мрежи во Кина се спроведени истражувања.

“Сега  интернетот во Кина отвори многу можности за учество на индивидуата во еден вид колективна активност. Постојат четири видови  на учество. Прво оние што целосно се исклучени по сите основи.  Втора група се оние кои се “офлајн“, тоа се оние кои немаат компјутер, но се активни со реакции кај институциите.  Трето, оние што се “онјлајн“, што имаат пристап до интернет. И четвртиот вид се “хибридни“ – оние што се “онлајн“ и што се обраќаат по институците. Првата група  се карактеризира со слаба економска моќ, немаат пари и образование. Четвртата група се оние мотивирани – имаат пари и едукација. Оние што се во групата “онлајн“ имаат ресурси, но нивната психолошка мотивација е ниска. Групата што е “офлајн“ се карактеризира со отсуство на ресурси, но истражувањата покажуваат дека тие имаа повисока психолошка мотивација од оние што се “онлајн““ – објаснува еден експерт за медиуми.

Така, статистиката покажала дека 9,34% опфаќа групата “хибрид“, 9,60% е групата “онлајн“ , 11,14% е групата “офлајн“ и дури 69,91% отпаѓа на групата неактивни во процесот на вклученост.

Истражувањето  спроведено од страна на научната јавност покажало дека 61,8% од испитаниците рекле дека разговараат за социјални прашања и проблеми со семејството и пријателите а  23,2% кажале дека испратиле СМС поврзан со некој проблем. На прашањето “Дали сте искажеле загриженост за некој проблем поврзан со Владата“,  16,7% изјавиле потврдно, без разлика на формата на која е искажано тоа. За споредба, во САД на истото прашање потврдно одговориле 24,4%.

Кинеските медиуми се под директно влијание на Министерството надлежно за информации и пропаганда.

Милијарди долари за промоција на нови производи…

Главните инвестиции сега се насочени кон промоција на нови технологии, изуми, производи и нивна пенетрација на странските пазари. Со милијарди долари за промоција на нови брендови,  Кина, според  експртите сега е насочена да ја “убие“ перцепцијата за евтин кинески производ “за една употреба“.

„Од земја што произведува, Кина стана земја што иновира. Не можете да постигнете имиџ на софистициран извозник ако на светот му продавате чорапи, иако и од тоа можете да направите многу пари. Но, за тоа ќе најдете поевтини производители во други земји. Кина напредна од извозник на производи со ниска додадена вредност во извозник на пософистицирани производи со поголема додадена вредност“, вели Лин Донг, лидер на иницијативата BrandChina.

Со извоз кој претставува една петтина од БДП, Кина е најголем извозник во светот. Електрични машини, телефони, автомобили, компјутери. Со различни производи Кина се обидува да ги освои странските пазари.

Замав на филмската индустрија ..

Големи амбиции и идеи заедно со многу пари и желба за промоција на кинеската култура и историја -  го даваат очекуваниот ефект. Филмската индустрија, преку осмислена стратегија за пенетрација на запад, ги дава првите позитивни резултати во Кина, барем така велат експертите.

Кинески филмови и реални шоуа веќе се дел од прграмското мени и во Америка. Документарни филмови на Кина емитува и ББЦ. Продорот е видлив и на балканот. Документарен филм посветен на масакрот од 1937 година во Нанџинг веќе се емитува на ХРТ. Спакувано видео во неколку минутен траилер, имав можност да го погледнам, како најава за скап кинеско-чешки филм со наслов “Последната виза“. Приказната е драматична и афтентична. Аудиториумот ќе ја даде оценката, но останува фактот дека Кина со европска Чешка најдоа заеднички јазик во филмската индустрија.

Државната  телевизиска куќа JSBC раполага со специјален сектор “Дистрибуција на прорграма ‘ кој покрива 60 земји во светот. Дополнително има и сектор кој се занимава со прашања за интернационални копродукции.

“Myvoice, myworld“е едно од најпознатите тв шоуа што спред рејтинизите, урива рекорди и кинезите се прилично горди на овој тв производ, сметајќи се себеси за пионери во овој вид на телевизиска понуда.

“Според бројот на продуцирани филмови, Кина е втор по големина пазар во филмската индустрија“ – објасни еден експерт од овој бизнис и додаде:

“Има проблеми и предизвици, но сакаме и се надеваме дека има простор за соработка со земјите од Европската Унија“.

Збогум Кина ….

По петнаесет поминати денови, во четири кинески градови, изминати стотици колометри пеш и илјадници во воздух, се збогував со Кина на шангајсиот аеродром. Претходно, за околу 5 евра испив кафе во  центарот на Шангај. Таму заврши моето двонеделно патување.

Пред полетување, со задоцнување од три часа, поминати во авион,  на писта, се збогував со Кина. Имав мисла дека оваа прва посета можеби ќе биде и последна и доволна за да ја видам земјата која во 21 век го живее комунизмот, во која сите се слаби и витики, во која ретко кој зборува англиски,  храна што бара добар желудник и специфичен вкус… Но од оваа дистанца, која емоциите си го најдоа свето место а информациите ги спакував во спомени, можеби Кина повторно би била моја идна дестинација …..

А.Д.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?