12 Мај, 2024
0.0288

РЕПОРТАЖА ОД КИНА: Комунизам со мирис на капитализам !

Објавено во: Економија 24 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

“Се додека мачката го фаќа глушецот, не е важно дали таа е бела или црна“. Оваа реченица, кажана од Денг Сјаопинг, кинески политичар,  татко на реформите и лидер на Комунистичката партија на  Кина,  ја слушнав на престижниот Универзитет  за медиуми и администрација во Нанџинг, цитирана од еден интелекутуалец.  Моќната Кина, која веќе станува “економска конкурентска закана“ за западот и Америка, ги живее годините на суштинска трансформација. Комунизмот останува устоличен, и се чувствува во секоја пора на секојдневнието, но од друга страна се чини дека Кина повеќе не може да гради нов  “Кинески ѕид“ што ќе ја штити земјата од влијанијата на остатокот на светот.

Една поинаква животна филозофија ....

Петнаесет денови,  посетени четири градови, поминати илјадници километри. Доволно време и километража за да се видиме очи во очи , јас и Кина. Бркотницата по уличните булевари, на моменти дури и стравична, меѓу возила, автобуси, мотори, велсипеди и пешаци,  го одзема вниманието уште при првото стапнување на кинеско тло. Тротораите во недоглед, преполни со основното средство за превоз во Кина, велосипедот и мотоциклите,најголем дел од нив на електричен мотор. И млади и стари, и машки и женски неуморно итаат  по улиците на Нанџиг, Лианџуганг, Шангај, Суџу.. Кон целта. А таа е негаде, во ултра модерните облакодери или необично стартите и руинирани згради, или можби некаде во скапите шопинг центри или пак во поевтините традиционални продавнички сметени во типичен кинески кварт.

Посетив  еден од нив, во Шангај, стариот дел на градот. 

“Слободно може да прошетате на шангајскиот “пазар“. Внимавајте само на личните работи, да не ви ги украде некој и немојте да влегувате во продавници доколку немате намера да купувате, може да ги разлутите сопствениците“ – со овие зборови една кинеска пријателка  не испрати на неколку часовна обиолка на познатиот кинески трговски кварт во стариот дел на Шангај. Купив некои драмбулии.  Сакав да проверам  дали кинезите се подготвени за “ценкање“, како што ми кажаа. Се обидов, и ми успеа. Дури ја преполовив и цената за еден сувенир.  Сепак, се обидов еднаш. И толку.

Во Шангај, срцето на бизнисот ....

Токму Шангај, со фантастични 25 милиони жители и уште 11 милиони туристи, се смета дека е најголем град на светот. Од мало рибарско градче Шангај прераснува во трет по големина финансиски центар во светот, по Њујорк и Лондон.  Тука животот  пулсира 24 часа. Тој е “бизис“ срцето на Кина, заеднички содржател на комунизмот и капитализмот.. Според економистите од Кина со кои разговарав, Шангај и сите други поголеми и урбани градови стануваат цел,  дестинација за младите, за оние кои сакаат кариери, иднина, перспектива. Но тоа отвара друг проблем , миграцијата, зло од кое не е поштедена ниту најбрзорастечката економија на Кина.

“Во Шангај на пример цените на недвижностите се повисоки од оние во Лос Анџелес или Хјустон. Во 2009 бројот на население што живее во урабана и во рурална средина бил речиси изедначен, но трендот на намалување руралната популација започнува во 1976 година и оттогаш расте бројот на население што живее во урбана средина. Во Шангај живеат 24 милиони луѓе. Кина се соочува со миграција село-град и тоа е проблем за кој ќе биде потребно решение.“ – вели еден експерт по економија.

Шангај, иако е дел од политичкиот систем на Кина, тука напредокот, урабнизацијата и луксузот се видливи на секој чекор. Се смета дека во Шангај живеат околу 13% од вкупните богаташи во Кина. Во центарот на градот, познатиот “Бунд“ ги опфаќа највисоките и најмодерните облакодери во кои се сместени познати банки, шопинг центри но тука е и познатата “OrientalPearlTower“. Како дел од Шангај е и стариот град, кој е составен од безброј продавници изградени во класичен кинески стил. 

Во своите оценки за модерна Кина, експертот во своето излагање посочи:

“Белези на новиот кинески “лајфстаил“ се брзите возови, плаќање преку интернет, социјалните мрежи и изнајмување на велосипеди“.

И лично се увереив во дел од овие атрибути. Се возев со кинески автобус, брз воз, видов дека кинезите плаќаат со мобилни телефони, дури и кафе. Велосипедите се дел од скојдневието.

„Ако патувате денес низ Кина, ќе видите дека масовно се употребува мобилно плаќање, што значи дека не ви треба кеш па дури ниту кредитни картички повеќе. Со мобилниот можете да ги правите сите финансиски трансакции. Кога некогаш ќе ми речат да платат во кеш, мојата реакција е ’О Боже’. Кинескиот пазар е подготвен за иновации, и многу водечки компании во Кина се предводници на иновации што го менуваат секојдневието на граѓаните“, вели експертот за брендови, Лин Донг.

Социјалните мрежи, како белег на модерна Кина.... За нив повеќе подоцна ...

Нанџинг – град на контрасти....

Силен мирис на храна, растрчани кинези, улични продавачи на костени, групно танцување на плоштад, преполн со муштерии Мекдоналдс и Бигмек. Големи контрасти го бојат Нанџинг, некогашната кинеска престолнина, еден од четирите градови во Кина за кои се смета дека имаат античка вредност. Титулата “главен град“, Нанџинг ја носел со векови, но по бројните династиски премрежја, на крајот Пекинг повторно станува кинеска престолнина.

Денеска, Нанџинг  го живее и минатото, сегашноста и иднината.  Од една страна  децении стари станбени блокови сведочат за транзицијата низ која минува градот и од друга страна, модерни облакодери, како одраз на урбанизацијата. Во една од тие висококатници  е сместена и државната JSBC групација, или Џангсу Бродкастинг Корпорејшн, која вклучува телезвија, продукција, туристичка агенција.

“Првиот весник е издаден 1822 година а 1923 почна да зрачи и првото радио, но во 1940 е формирано Кинеското национално радио. Во 1979 се емитува и првата телевизиска програма во боја. Првиот кинески филм “The battle of mount Dingjun“ е снимен во 1905 година. Кина успеа да изгради најголема радио и телевизиска мрежа во светот“ – ми раскажа  мојот соговорник,  чиј збор е значаен во државната радио телевизија сместена на Нанџинг.

Стаклениот “медиумски монструм“ ревносно е чуван од полицијата. Невозможно е да се влезе во телевизијата без специјална пропусница или легитимација. Лифтовите секогаш се преполни со луѓе. На приземјето се шири  мирис на кафето од “Старбакс“ а непосредно пред зградата е лоциран ресторанот за брза храна, “Бигмек“.


Домаќините ни посакаа добредојде со 7Д проекција на популарниот анимиран  цртани филм “Карс“. Од кино салата во сопственост на државната телевизија излегов мокра, поради специјалниот ефект “ перење на кола”.

Во некогашната кинеска престолнина го посетив и престижниот Универзитетот за новинарство и комуникации на кој предааваат кинески професори кои дел се образовани на еминентни универзитети во Америка, на западот.

“Се додека мачката го фаќа глушецот не е важно дали е бела или жолта. Ова е една од теориите што се променува во економските политики.  Реченица која ја кажа Денг Сјаопинг, кинески политичар,  татко на реформите и лидер на Комунистичката партија на  Кина. Пред да се воведат економските реформи направени се многу експерименти, пилот проекти. Со нив  се виде што може да се имплементира во целата земја. За начинот на спроведување на реформите, кои се централизирани, одлучуваат локаланите политички лидери. Кина има 30 провинции, на локално ниво има конкуренција за начинот на развој и политиките за инвестирање. Во земјата има илјадници Слободни економски зони позиционирани на различно ниво, од највисоко државно до градско ниво. Целата земја и припаѓа на Владата, секое парче земја. Пресвртница за реформите е 1994 кога парите од локалната власт почнуваат да се слеваат на централно ниво“ – објаснува економсиот експерт во Кина.

Во Нанџинг, еден од брзорастечките градови,  е сместен светски познатиот мавзолеј на револуционерот Сун Јат Сен, кој стана прв претседател на Кина, по падот на последното царство. Во Нанџинг како поранешен главен град на Кина живееле шест династии.

Кина – од економски визии до остварувања. Како се устоличи комунизмот ? Што пишува во мега проектот “Новиот пат на свилата“? Одговорите следуваат во второто продолжение “Репортажа од Кина“. 

А.Д.

Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно