06 Мај, 2024
0.0244

Репортажа од Турција: Земјата на сонцето, плажите и луксузните хотели

Објавено во: Стил 07 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Фактор беше ексклузивен гостин на ТА Фибула Травел во запознавањето со најлуксузните хотели во Кемер, Анталија, Аланија , Белек.

1ccd7db4788a32d2bf2010c39a9f26c9_large

Всушност се она што го видовме, благо речено, се совршени места за одмор во кои бескрајно уживавме од она што го видовме во овој дел на Турција.

Турција е земја на контрасти, убавина, ориенти и предрасуди. Успеа туризмот да го издигне на виски гранки, речиси до совршенство и не е никакво чудо што се вбројува во топ дестинации кои задолжително треба да ги посетите.

Turkey4

Денешната турска ревиера го зазема најубавиот дел не само од Евроазија туку и од Европа. Брегот на Турција го допираат дури четири мориња, Црно, Мраморно, Егејско и Средоземно, и ова шаренило на морски води го погодува туризмот и на најпребирливите вкусови. Ако размислувате да го поминете одморот во Турција, немојте да се двоумите бидјеќи, најблаго кажано, ќе останете без здив а Фибула ви нуди пакет аранжмани за 7, 10, 11 и 14 ноќевања а со платен авио билет ќе си добиете гратис сместување во хотел со 3*** All Inclusive за само 240 евра . За 2 деца бесплатно во авион и хотелско сместување.

BIG_ot gore2_122382025563

Но да тргнеме по ред.

Од Скопје со чартер за само час и половина лет се стигнa до Aнталија.

Чартер летови  за Анталија има секој понеделник и петок, а пакет аранжмани има за 7,10,11 и 14 ноќевања. Со платен авио билет се добива гратис сместување во хотел со 3*** All Inclusive за само 240 евра. 2 деца бесплатно во авион и хотелско сместување

Нашата прва дестинација Аланиа е оддалечена само 130 км од Анталија.

alania

Прва средба со Аланиа

Прилично голем град со безброј убаво средени хотели, кои, начичкани еден покрај друг, му даваат урбан печат на ова приморско место.

alania - hedef kleopatra golden sun 11

Турците Селџуци ја основале оваа населба и пристаниште уште во 18 век. Плажите се долги со километри, од кои најпозната е Клеопатрината плажа, а самата Аланиа, е всушност, залив со медитеранска клима. Самата прошетка околу центарот на Аланиа е фасцинанта. Полна е со базари, во кои владее царството на шаренило, сувенири, златари и автентична турска роба.

На булеварот Ататурк се наоѓаат многу брендирани продавници со многу поволни попусти, како и продавници со кинеска роба и пак, безброј хотели.  Со монументалната убавина на Црвента кула (Кизил Куле), Селџук калето, пештерата Дамлаташ, Фосфорната пештера, Пештерата на заљубените, Аланиа нуди можност за интересни туристички посети. Секој кој обожава ноќен живот, овој град ветува. Келнерите ги довикуваат минувачите да влезат во нивниот ресторан или кафич и речиси секој пат прашуваат откаде доаѓате. Од сувенирите се истакнува карактеристичниот симбол на Аланиа - тиркизноплаво око во облик на приврезок, нараквица или сувенир.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во Аланиа секако треба да се види и тврдината чии ѕидови се простираат околу шест километри и имаат стотина кули.

Хотелот „Кватро бич Ресорт&спа“ е ексклузивен хотел со 5* Овој елегантен хотел се наоѓа во Konakli, само 10 минути возење од Аланија, со прекрасен поглед на Средоземното Море. Идеален за семејства кои сакаат да уживаат во спортовите на вода и Spa & Wellness центрите. Со јавен превоз Аланија е поврзана со другите одморалишта низ целиот регион.

Кватро бич 4 Хотелот е место каде што ќе имате незаборавни спомени, и каде што ќе уживате во традиционалната турска и интернационална кујна. Главниот ресторан е со капацитет за 450 лица внатре и за 800 лица надвор на терасата. Исто така тука се A la Turca и A la carte ресторанот за 120 луѓе, Кинескиот A la carte ресторан за 100 луѓе, ресторанот на плажа, слаткарница Caffe de Quattro, бар на плажа, Lobby lounge бар, A la carte бар и бар на базен.

Кватро бич 5Кватро бичКватро бич2Кватро бич3 SPA & Wellness центарот ни обезбеди релаксација, како во затворениот базен така и во фитнес центарот и турската бања .

Хотел „Барбарос бич“

Сместен на самиот морски брег и со убав стил, ме потсетуваше на архитектурата на Селџуците, буквално ми даде мир и атмосфера со комбинација од природен рај на планината Тавур и Средоземното море. Со прошетката низ многуте убави мирисливи растенија и цвеќиња останувате без здив а тука се и звуците на брановите на Средоземното Море.

Barbaros Beach Hotel

Barbaross Beach Club е само на 96 km од центарот на Анталија, на 29 км од Сиде и 86 км од аеродромот и е со површина од 20.000 квадратни метри, каде  убавината на сина и зелена боја се спојуваат во една.

Barbaros Beach Hotel 3

Barbaross Beach е место каде може да уживате во пливањето во преубавите затворени и отворени базени, а тука се наоѓа и детскиот и воден парк.

Barbaros Beach Hotel 2

Собите се опремени со највисок стандард на квалитет и удобност и може да си изберете помеѓу стандардни соби, фамилијарни соби и апартмани.

Barbaros Beach Hotel 1

Доволно е да ги погледнете фотографиите и ќе ја сфатите убавината на овој прекрасен хотел.

Хотел „Отиум еко клуб“

Eco Club Side

Овој хотел е со 5 ѕвездички се наоѓа на 450 метри од брегот на морето и има аквапарк со 3 водени лизгалки и велнес центар со турска бања. Сите соби се со балкон. Otium Eco Club Side нуди климатизирани соби со бесплатен Wi-Fi. Модерни соби располагаат со ТВ со рамен екран, минибар и модерна, купатило.

Eco Club Side 2

За оние спортистите на располагање имаат сала во која можат да тренираат или да посетат аеробик.

Или пак може да си дозволите масажа во центарот на убавината. Хотелот располага и со фризерски и различни продавници. Otium Eco Club Side се наоѓа на 7 км од Сиде и 80 км од Анталија.

Eco Club Side 1

Сиде е еден од најпознатите антички градови во Турција.

side turkey

Градот се одликува со тесни улички и премногу локалитети со антички остатоци, песочни плажи, кафичи и ресторани. Во него се наоѓа бројно минато, а една од главните атракции е стариот римски амфитеатар кој е изграден на отворено. Може да собере и до 20 илјади гледачи.

side09

Се користел за борби на гладијатори, а подоцна е претворен во црква. Преку патот на амфитеатарот е музејот Сиде кој секако треба да го посетите. Стариот дел од овој град има доста барови и дискотеки, но сепак не им го препорачувам на оние кои сакаат добар ноќен провод.

side07

Градот инаку е преполн со продавници од разни стоки, кожа и накит, а во шопингот можете да уживате навечер бидејќи тогаш Сиде станува пешачка зона.