РЕШЕН СПОР ПА ТОГАШ ВО ЕУ: Јункер праќа децидни пораки за земјите од Западен Балкан
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2018
Поради лошото искуство на Хрватска и Словенија, земјите од Западен Балкан ќе мора да ги решат своите гранични спорови пред да влезат во ЕУ, изјави потпретседателот на ЕК Жан Клод Јункер.
ЕУ неодамна претстави нова стратегија за Западен Балкан во која говори за арбитражен модел за решавање на спорови кои не може да се решат билатералните преговори.
Јункер вели дека му е „тешко“ кога го набљудува хрватско-словенечкиот спор околу границите за кои верува дека можел да се реши пред да станат двете земји членки на Унијата.
„Наместо тоа, тоа е пропуштено на арбитражниот суд , но земјите не може да се договорат како ќе постапат со неговата одлука“, рекол Јункер на конференцијата за безбедност во Минхен.
Шефот на европската влада затоа повторно истакнува дека судирите на Балканот мора да се решат пред државите од регионот да и се приклучат на ЕУ.
Оценувајќи дека во овој момент уште не се подготвени за членство, Јункер истакнува дека перспективата, сепак и понатаму постои.
„Тоа е поради судирите на деведесетите многу чувствително подрачје. Перспективата на проширување ни овозможува на Западен Балкан да извезуваме стабилност, наместо да увезуваме нестабилност во ЕУ“, вели Јункер.
„Предусловот за тоа е овој: земјите од Западен Балкан мора да ги решат своите гранични спорови пред да влезат во ЕУ“, нагласува тој.
ФОТО: REUTERS/Michaela Rehle