07 Мај, 2024
0.0264

Решена мистеријата за дупчињата во швајцарските сирења

Објавено во: Стил 28 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

После речиси еден век истражувања, конечно е решена мистеријата на дупки во некои швајцарски сирења, како што се ементалер и апенцел објави денес Институтот за наука и прехрамбени производи Агроскоп (Agroscop ), со седиште во Берн.

Истажувачите на Агроскоп поврзани со сојузната лабараторија за тестови на материјали и истражувања, Емпа, откриле дека „дупките“ се предизвикани од мали честици на сламата која паѓа во млекото во текот на молзењето на кравата.

Во текот на ферментацијата, тие честици испуштаат гас кој формира дупка во сирењето, наведува во соопштението Институтот.

Истражувачите тоа го откриле кога забележале дека нема дупки во сирењата кога кравите се молзат механички на современи фарми.

Исчезнувањето на традиционалното молзење на кравите, е заменето со современи, повеќе хигиенски техники, е причина за исчезнување на дупките во сирењето, рекол за франс прес портпаролот на Агроскоп.

„Ова е откриено сосема случајно, како многу големо откритие“, додал тој.

Благодарение на ова откритие, произведувачите на сирење можат, дозирајќи микрочестици на слама, така кажано контролирајќи го бројот на дупки во своите сирења.