РЕШЕНИЕ НА ВИДИК: Деновиве Заев добива мандат
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2017
Уште три дена рок има шефот на државата да му го даде мандатот на Зоран Заев.
Дел од медиумите пишуваат дека гаранциите веќе се пратени кај Иванов, но партиски извори од СДСМ ги демантираат тие информации со образложение дека текстот кој го содржат тие гаранции се уште не е усогласен.
Извори на Макфакс тврдат дека кабинетите на Заев и на Иванов се уште го усогласуваат текстот на гаранциите кои треба да му бидат испратени на Иванов, а „сите други информации кои излегуваат во јавноста се само шпекулации“.
Од ВМРО ДПМНЕ најверојатно веќе се помириле со фактот дека се опозиција, и за некоку портали изјавиле дека е прашање на време кога Заев ќе го добие мандатот од Иванов.
Тоа би можело да се случи и денес, а најдоцна и утре.
Но, како и да е до 18 мај Иванов мора да го додели мандатот бидејќи ТВ24 објави дека Иванов тогаш оди на службен пат.
Според дипломатски извори на порталот Слободен печат, Иванов веќе одлучил да му го додели мандатот на Заев во предвиден рок, а новата влада најверојатно ќе биде формирана до 1 јуни.
Извори на Плусинфо од ВМРО ДПМНЕ исто така потврдиле дека Заев ќе добие мандат за состав на нова влада, а како датум за избор на нова влада се спомнува 27 мај.
Новоизбраниот собраниски претседател, Талат Џафери на конференција за новинари во петокот рече дека нема да моли никој, најмалку претседателот Иванов, кој како што рече, по закон е обврзан во рок од 10 дена од официјалното објавување на одлуката за формирање на парламентрано мнозинство во Собранието, да го довери мандатот за влада.
Џафери претходно изјавуваше дека доколку Иванов не постапи по Устав, владата ќе биде формирана во парламентот.