29 Април, 2024
0.0260

Рестриктивните мерки на готовс ако состојбата се влошува и понатаму: Први на удар ќе бидат повторно кафулињата?

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Во јавноста веќе на големо се зборува дека веќе од средината на октомври можно е да се намали работното време на кафулињата до 21.00 часот, но од Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека рестриктивните мерки ќе бидат активирани само доколку е потребно, односно ако епидемиолошката состојба се влоши уште повеќе.

Здравствените власти пред неколку дена пердупредија дека е можно такво сценарио, а денеска од Комисијата за здравство потврдуваат дека тоа се оние исти мерки кои претходно беа донесени и кои важеа до пред рестартирање на работата на кафулињата и останатите угостителски објекти.

-За да не дојде до експанзија на корона вирусот,а во случај состојбата да се влошува секако дека ќе гио воведеме мерките кои беа донесени во изминатиот период. Во ниту еден случај не станува збор за целосно затворање, односно карантини, но мерките ќе се однесуваат на сите места каде што има групни собирања, каде што нема одржување на потребната дистанца и носење маски, велат од Комисијата за заразни болести, уште еднаш потенцирајќи дека тоа ќе биде само во краен случај, ако бројот на новозаразени почне енормно да се заголемува и да се полнат болничките капацитети.

Според Комисијата за заразни болести, богатиот социјален живот и непочитувањето на мерките за заштита придонесуваат висок број на новозаразени на дневна основа.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце