26 Април, 2024
0.0298

Rethink креативен маратон: креативни и амбициозни млади умови работеа за позитивни промени во градот Скопје

Објавено во: Мои пари 18 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Rethink преставува еден од најголемите настани наменети за млади луѓе кои Солвео ги организираат. Голем број на учесници, говорници, ментори и фасилитатори несебично го споделија своето искуство и знаење со цел да се поттикне позитивна промена во градот Скопје.

Креативниот маратон беше насловен „Smart cities: Rethinking how the city works and lives” на кој целта беше да се креираат иновативни решенија за подобро функционирање на градот Скопје со примена на современа технологија.


Почетокот на настанот стартуваше со Rethink конференција на која успешни бизнисмени, претприемачи и професионалци со искуство на оваа тематика го споделија своето знаење и ги инспирираа учесниците при креирањето на нивните идеи.

Над 100 талентирани и амбициозни учесници споделија повеќе од 1000 идеи од кои развија концепт решенија кои ги презентираа на крајот на креативниот маратон, пред стручно жири.  На крајот беа избрани три победнички решенија:

Првото место заслужно го доби тимот кој креираше решение што има најголем потенцијал за негова имплементација, тие освоија 500ЕУР од нашиот спонзор Шпаркасе Банка, 5 графички таблети од XP-Pen, курсеви за обука за претприемачи од Пиксел како и стипендија во вредност од 2.500 ЕУР од М3ДС. Нивната идеја е да се постават платформи кои енергијата од човековиот чекор ја претвораат во електрична енергија. Платформата е поврзана со три генератори кои при еден чекор на неа произведуваат 5 до 8W што е доволно да се напои една LED светилка 30 секунди. Оваа енергија се собира во батерии за потоа да се искористи за осветлување. Платформите би се поставиле на локации низ Скопје каде има најголем проток на луѓе. Целта на ова решение е поефикасно произведување на енергија и заштедување на парични средства.


Второто место го освоија тимот “Греен Арк” кои добија парична награда од 250ЕУР од ИСКРАТЕЛ, курс за обука за претприемачи од Пиксел и стипендија во вредност од 2.00ЕУР од М3ДС.Тие понудија идеаjнорешение за искористување на станбените кровови развивајќи урбано земјоделство со помош на аквапоник системот. Аквапоник системот претставува мини еко-систем кој се одржува самиот себе си, совршен спој помеѓу флора и фауна. Одгледувањето на риби и хранливите материи кои ги создаваат овозможуваат забрзан и квалитетен раст на овошје и зеленчук без потреба од плодна земја, како и токсични материи. Овој начин на одгледување користи 10 пати помалку вода од традиционалното земјоделство и овозможува производство на овошје и зеленчук во секое време од годината. Ние имаме визија за Скопје како лидер во одржливиот развој, а со тоа што ова решение е поставено на кровови, тимот вели – “Се гледаме на врвот”.

Тимот што освои трето место креираше решение за иновативно и паметно рециклирирање и освоија курс за обука за претприемачи од Пиксел и стипендија во вредност од 1.500ЕУР од М3ДС. Платформата „Скопје Рециклира” нуди целосен визуелен идентитет на новиот процес и начин на селектирање на отпад преку користење на паметни кутии специјално инвентирани и дизајнирани за оваа платформа кои сами умеат да го препознаат материјалот кој ги полни и да комуницираат до кое ниво се наполнети со отпад. Со платформата се планира да се заменат добро познатите зелени пластични контејнери од кои отпадот најчесто се прелива наоколу како и да се променат навиките на граѓаните за селектирање на отпадот преку прилагодена комуникациска стратегија интегрирана во самата платформа.


„Како еден од најголемите настани кои ги имаме организирано, ние од Солвео сме им многу благодарни на сите учесници, спонзори, говорници, ментори и фасилитатори кои покажаа дека има голем потенцијал и желба позитивни промени да се случат во нашиот град!” – изјавија организаторите.  

Голема благодарност до спонзорите кои го поддржаа Rethink креативиот маратон и покажаа дека веруваат во позитивни промени во градот Скопје: Виталиа, Iskratel Group, Шпаркасе Банка, Twins sandwiches, Ladna, Скопска Пивара, Пиксел, Office Plus, Xp-Pen, Red Bull.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“