03 Мај, 2024
0.0244

Рецептите на Баба Ванѓа – вистинска енциклопедија на здравјето

Објавено во: Стил 16 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Познатата Баба Ванѓа им остави на луѓето непроценлив дар.

Тоа се стотици рецепти кои медицината ги нарекува „жива енциклопедија на здравјето“.

Многу лекари истакнуваат дека рецептите на Ванѓа даваат позитивен резултат кај многу заболувања, при тоа секој болен може да ги адаптира кон сопствените потреби ...

„Само она што расте под нашите нозе“

Рецептите се едноставни за подготовка, а самите билки - општо познати. Баба Ванѓа смета дека човек треба да се лекува со растенија кои напредуваат заедно со него, бидејќи во природата сите нешта- луѓе, фауна, флора - живеат во хармонија.

И уште: според Ванѓа не постојат строги пропорции во дозирањето на „народните лекови“. Многу од нив можат да се користат, така да се каже, „на око“. Таа била убедена дека со билките не можеме да си наштетиме, особено ако не се мешаат некомпатибилни состојки.

Еве неколку нејзини рецепти

При запек. Наутро и навечер се зема по 1 лажица желе, приготвено од варено овошје од зрел боздел. Во желето не се става шеќер. Ако сакате можете да додадете мед.

Притиснат нерв. Памучна ткаенина се намачкува со мешавина од маслиново масло и стопен восок и се става по должината на 'рбетот при тоа се лепи со лепенки да не падне . Ако имате доволно време правете ја оваа постапка секогаш кога ќе се сетите и имате можност.

Кожно чешање. Во два литри вода се вари килограм јачмен и со напивката се мие болниот.

Зајакнување на имунитетот. За таа цел еднаш месечно мијте се со чубрица.

Кашлица (кај возрасни). 4 ореви со лушпа, 1 цвет од боздел и 1 лажица мед се варат во половина литар вода. Напивката се цеди и се зема по 1 лажица три пати дневно.

Маститис. Подгответе мала питка од меко тесто, како кога месите ржано брашно, топен путер и млеко; оставете ја една ноќ, а потоа ставете болното место. Третманот се прави последователно неколку пати.