08 Мај, 2024
0.0266

РЕВИЗОРСКИ ЦРВЕН КАРТОН - Без главен ревизор ниту може да работиме, ниту да земаме плата

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Ревизорите здружено излегоа пред јавноста, со барање итно да се избере главен државен ревизор. Тие тврдат дека оваа институција е целосно блокирана, а тие не можат да си ја вршат својата работа, не можат ниту да земат плата, ниту да ги исплатат режиските трошоци.

Ова на јавноста и го порачаа околу 60 вработени во Државниот завод за ревизија, кој повеќе од две години е без директор. 

„Доколку не дојде до брз итен избор на главен државен ревизор, ние се соочуваме со де факто законско престанување на нашето работење. Нема да можеме да ја реализираме тековната годишна програма за 2019 година. Не сме во можност да ги исплатиме нашите режиски трошоци, ќе останеме без струја и вода“, нагласи на заедничката прес конференција Мијалче Дургутов, ревизор за информирање и комуникација. 

Тој нагласи дека оваа институција има доспеан долг од 1,5 милион денари и тужбени барања. Според него, по 4 октомври годинава сите извештаи на заводот не можат да се испратат на одговор до субјектите на ревизија, бидејќи нема кој да потпишува. Нагласи и дека изборите кои треба да се одржат идната година, согласно процедурата на работа, не може да се одржат ако нема ревизија на изборната кампања.

Инаку, од 54-те планирани ревизии, 12 се уште се во тек и треба да бидат завршени до крајот на годината. Досега се поднесени само 11 целосни извештаи, а останатите чекаат потпис од првиот ревизор.

А во СЈО била планирана ревизија и пред да излезат извештаите за доделување енормни бонуси на обвинителите. Но тоа не може да се спроведе без потпис од главниот државен ревизор.

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија