08 Мај, 2024
0.0255

Ристески; Мораториум на сите долгови кај извршител да се стави крај на грабежот на народот

Објавено во: Економија 31 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Долговите на голем број на граѓани се повеќе се натрупуваат со огромни камати, пенали и награди кои ги наплаќаат извршителите по што основниот долг кој бил минимален се зголемил за десетина пати. Се поголем број на трагични приказни за одземање на семејни пензии на сирачиња, за одземање на цела плата наместо една третина, лавиринт од долгови од кој нема никаков излез. Блокирани сметки, нејасни односи каде е дали долгот е правично отпишуван од доверителот, бројни проблеми со лоша комуникација и судски постапки кои го ставаат обичниот граѓанин во неповолна ситуации се главна причина за кулуминација на револтот и итно преземање на мерки за промени. Во оваа борба ќе учествува Конфедерацијата на синдикални организации која ќе врши притисок за законски измени за наплата на долгови на граѓани кај извршители со цел поправичен однос. 

Христијан Станоевиќ разговараше со Марјан Ристески од КСОМ токму на таа тема

Фактор: Кај граѓаните кои имаат блокирани сметки од извршителите долго време се таложи гнев и незадоволство. Имаше најави и пред изборите дека работата на извршителите ќе претрпи измени за да нема неразумни трошоци кои десеткратно се поголеми од основниот долг. Како планирате да ги организирате граѓаните?

Ристески: Ние како Конфедерација на синдикални организации на Македонија(КСОМ) веќе подолг период наназад (неколку години) сме меѓу првите кои јавно го кренаа гласот против неправдата и грабежот кој го прават здружено одредени доверители,адвокати ,нотари,судии и извршители.

На нашата активност се приклучија одредени здруженија и групи на граѓани, заеднички жестоко ке се спротиставиме да го спречиме понатамошниот грабеж на народот.Сакам да апелирам за сите заинтереснирани добронамерни граѓани да ни се приклучат во нашата активност што ке следи како би можеле да истраиме во нашите барања.Гневот и незадоволството кај  граѓаните е огромно и ситуацијата може да ескалира во секој момент.Ние како КСОМ не се согласуваме само со одредени козмeтички измени на законот за извршување бараме целосно  ревидирање.Во периодот што следува ке организираме собирање на потписи на плоштадите во поголемите општини во државата.Со оваа наша иницијатива сакаме да ги повикаме граѓаните масовно да ни се приклучат ,доколку наидеме на неразбирање на  нашите барања не ја исклучуваме можноста од организирање на масовни протести.Оваа неправда ,ова нефункционирање на системот,на државата неможе и несмее да падне на товар на граѓанинот кој без никаква вина приморан е да плаќа нешто за што не е виновен.

Фактор: Дали КСОМ има конкретни идеи како може да се подобри законот за извршување?

Ристески:  Ние со адвокатскиот тим кои делува во рамките на КСОМ имаме конкретни идејни решенија кои се надевам ке бидат целосно имплементирани во новиот закон .Секојдневно сме во комуникација со правни експерти кои безрезервно ја даваат нивната подршка на нашата иницијатива.

Фактор: Завршува изборната кампања и Собранието повторно ќе проработи при што ќе започнат и процедурите за законски измени. Дали КСОМ и останатите организации кои се залагаат за законски измени ќе се вклучат во јавната расправа?

Ристески: Ние јасно укажавме на новата влада и лично на премиерот Заев и при сите наши јавни настапи дека бараме активно да се вклучиме во донесување на овој закон,на сите нивоа почнувајќи од неговото изготвување па се до собраниски комисии и самото собрание. Се надевам освен нас ќе се приклучат и други организации и поединци активно да земат учество со нивните идеи, предлози и  ставови во донесувањето на овој закон.

Фактор: Како да се заштитат граѓаните кои сега се погодени од неправичниот однос и имаат преголеми долгови кои им се натрупуваат?

Ристески: Во врска со ова прашање нашите ставови се јасни само масовно  здружени ќе успееме во нашите барања - веднаш да се стави мораториум на сите долгови, да се види што е реален долг а што виртуелен-нереален, ревезија на досеагашната работа на извршителите, нотарите итн,вракање на извршителите во судот (извршно оделение на судови).

Фактор: Каков фидбек добивте од досегашните средби со претставници на власта вклучувајќи го и премиерот Заев, има ли новата Влада слух за овие барања?

Ристески:  Како што кажав претходно на средбата со премиерот Заев имавме конструктивна средба каде ги образложивме подетално проблемите кои се соочуваат граѓаните и од негова страна ни беше кажано дека за решавање на ова крупно прашање потребно е да се отвори јавна дебата со граѓанските активисти за да се утврдат сите детали и потреби од идни дејствија , за излегување од овој магепсан круг како би се зајакнал финансискиот капацитет на граѓаните.

СМЕЛО И ХРАБРО ЌЕ ЗАСТАНЕМЕ НА ПАТОТ НА ОВАА НЕПРАВДА НА ИЗВРШУВАЊЕ. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување