14 Мај, 2024
0.0254

Macedonia Manufacturing Expo во Скопје на 25 и 26 септември

Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Минатата недела претседателот Стево Пендаровски беше во дводневна државна посета на Германија и беше примен од страна на сојузниот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер. Иако земјата по компромисот со Грција, донесе одлука да се преименува во Северна Македонија, што остави емотивен траг, сепак Европската унија не го одржа своето ветување да се започне со пристапните преговори во јуни, туку тие се одложија за октомври иако Северна Македонија заслужува порано да отпочнат преговорите.

Би сакал накратко да Ве информирам и за претстојниот настан Macedonia Manufacturing Expo, кој ќе се одржи во Скопје на 25 и 26 септември 2019. Овој дводневен настан, кој е наменет за компании од металопреработувачката и електронската индустрија, го организираме заедно со Македонската асоцијација на металопреработувачка и електронска индустрија. Во склоп на настанот ќе се одржи стручна конференција, како и панели, B2B разговори и саем. Целта на овој настан е да се спојат германски компании со компании добавувачи од Западен Балкан, а исто така и да се промовираат компаниите од регионот како конкурентни производни компании кои може да работат како добавувачи за германски и други интернационални компании. Доколку сакате да сте изложувач на овој настан, пријавете го Вашето учество најдоцна до 24.08.2019 на следниов мејл: stankov@nordmazedonien.ahk.de

Јуни беше исклучително важен месец за дуалното стручно образование во Северна Македонија. Околу 90 млади луѓе се запишаа на еден од двата дуални образовни профили, индустриска мехатроника и производно машинство. Тие се одлучија за кариера со голема перспектива во областа на техничките науки. Овие бројки се три пати повисоки во однос на минатата година. Особено ме радува фактот што нашите училишта-партнери од Охрид, Кавадарци, Велес, Битола и Прилеп оваа година забележаа зголемен број на запишани ученици и во своите региони котираат подобро дури и од популарните гимназии.
Осигурување на квалитетот на дуалното образование според германски стандарди е важна задача на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија. Од таа причина, на компаниите Дрекселмајер, Костал, ЛТХ Леарница и ОДВ Електрик, за нивната пионерска работа во делот на дуалното образование, Делегацијата им додели посебни признаници за исполнување на германските стандарди.

Центарот за обука “Meister“, нашиот партнер во Косово, свечено ги отвори новите простории кои се опремени со модерни машини и алати. Тимот за дуално стручно образование и јас доделивме AHK-сертификати на првата генерација учесници, кои успешно ја завршија шестмесечната обука за мехатроничари за лифтови.


Патрик Мартенс
Директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти