03 Мај, 2024
0.0845

Ротари Клуб Скопје – Центар донираше училишен автобус за децата со посебни потреби

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Ротари Клубот Скопје – Центар како верен партнер на заедницата, направи уште една, значајна донација за децата со посебни потреби од ПОУ Иднина во Чаир, на кои им донираше нов училишен автобус, специјално прилагоден кон нивните потреби.

На денешното примопредавање и презентација на новиот автобус претставниците од Ротари Клубот се дружеа со дечињата од Иднина, за кои подготвија и посебна програма, а нивната радост и возбуда беше навистина видлива.

Во ПОУ Иднина учат деца со посебни потреби од голем дел (и околината) на Скопје, а кои овој автобус ќе ги зема од дома за на училиште и ќе ги враќа дома од училиште. Заменувањето на стариот автобус со новиот во донација на Ротари Клубот Скопје – Центар значително ќе им го олесни патувањето до и од училиште на овие дечиња, и ќе им овозможи поквалитетно искуство во извршувањето на нивните секојдневни обврски. Во новиот автобус ќе има клима уред и лифт за инвалидски колички кои што ги нема во стариот автобус. Исто така, не помалку важно за одржливоста и животната средина, новиот автобус е ЕУРО 6, за разлика од стариот кој нема ЕУРО стандард.

Инаку, Ротари е организација на волонтери, на повеќе од 1,2 милиони деловни лидери и лидери во другите професии кои се обединети во светот,  со цел да изведуваат и подржуваат филантропија, како и да помогнат во градењето на добра воља, разбирање меѓу луѓето и обезбедување на мирот во светот. Организирани во повеќе од 32 000 клубови во повеќе  од 200 земји и географски области, Ротаријанците изведуваат проекти за да одговорат на денешните предизвици на современото живеење како што се неписменоста, болестите, гладот, сиромаштијата, недостатокот на чиста вода, негрижата за здрава околина и многу други, чие елиминирање станува суштински предуслов за хуманиот развој и за оддржувањеот на мирот  во светот.

Иницијативата за формирање на првиот Ротари клуб во Чикаго, САД датира од 1905 година и при тоа наидува на голем интерес кај деловните луѓе и оние од другите професии и таа е прва светска организација на волонтери определена во интерес на основните човекови потреби. После првиот клуб, се формираат нови клубови во други градови и држави и следствено на основните начела, членовите на клубовите се среќаваат на неделните состаноци да ги планираат проектите, дискутираат разни прашања од локален, национален и меѓународен интерес и уживаат во градењето на меѓусебното пријателство. Ротари клубовите се неполитички и отворени за граѓани од сите раси, култури и религии.

Во областа на образованието, Ротари фондацијата обезбедува меѓународни стипендии за повеќе од 1000 студенти годишно кои студираат надвор од своето место на живеење и кои служат како културни амбасадори.

Еден од најзначајните проекти на Ротари е Полио Плус кампањата.  Ротари клубовите со свое финансиско учество од преку 850 милиони американски долари и армија на волонтери имунизира повеќе од две милијарди деца во 122 земји во светот. Ротари е главниот партнер и лидер во Глобалната иницијатива за ерадикацијата на полиото, заедно со Светската здравствена организација, УНИЦЕФ  и УС Центарот за контрола и превенција на болестите.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија