26 Април, 2024
0.0267

Ротари клубот – Скопје Интернешнал донираше ајвар за Домот за стари лица „Мајка Тереза“ од Скопје

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

– „Скопје Интернешнал“ донираше ајвар за лицата кои живеат во домот за стари лица „Мајка Тереза“ од Скопје. Ајварот го подготвија членовите на „Ротари клубот – Скопје Интернешнал“, а за оваа намена беа подготвени и специјални наменски етикети.

„Ротари клубот – Скопје Интернешнал“ во рамките на својата мисија за иницирање на подршка и развој во различни општествени области, оваа активност ја реализираше по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на стари лица – 1 октомври, во рамките на „Принципите за стари лица на Обединетите нации“.


„Цел ни е преку нашите активности да поттикнеме и инцираме дијалог, но и со кокретни чекори да придонесеме за унапредување на состојбите во различни сегменти во заедницата. Покрај тоа,  сакаме преку личен пример да ја подигнеме свеста од потребата за ангажираност на сите нас за придонес кон општиот развој. Искрено веруваме дека секој од нас има моќ да донесе промени. Ние како заедница сме должни да покажеме грижа и за старите лица и да ги потсетиме дека и тие се важни“, велат од „Ротари клубот – Скопје Интернешнал“.

Домот за стари лица - „Мајка Тереза“ од Скопје е дел од Јавната здравствена установа Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медиција „13 Ноември“ од Скопје. Оваа установа спроведува здравствена заштита од областа на геријатриската и палијативната медицина и е единствена од ваков карактер во земјава.

Повеќе од 110 години ротаријанците од цел свет се ангажираат за промовирање на позитивните вредности, солидарноста и хармонијата во светот.

Активностите се спроведуваат преку 35.000 Ротари клубови ширум светот, од кои 20 клубови на Ротари кај нас, кои делуваат во различни области во насока на исполнување на своите цели.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“