26 Април, 2024
0.0276

РСБСП со одговори: Која е целта и како правилно да користете сигурносен појас ?

Објавено во: Мои пари 16 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Сигурносниот појас не влијае на тоа дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода или не, но значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди. За жал фактите и состојбите покажуваат дека голем дел од возачите и патниците не користат сигурносен појас.  Со цел подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси РСБСП со одговори на неколку важни прашања поврзани со сигурносните појаси. 

- Која е целта и како правилно да користете сигурносен појас?

1. Основната цел на користењето на сигурносниот појас  е:

  да ги чува возачот и патниците на своите места во случај на судир;

  да се намали движењето на телото напред и назад во случај на фронтален судир и да се спречат повредите поради контакт со внатрешни делови од автомобилот;

  да одземе голем дел од енергијата ослободена при судир и да ја дистрибуира и дисперзира  на појасот и разните делови од телото, ефикасно намалувајќи ги последиците од судирот на поединечните делови на телото;

  да се обезбеди ефикасна заштита на возачите и патниците во комбинација со воздушно перниче и други безбедносни елементи (потпирачи за глава, ергономски седишта, шасија на возилото, и др).  Важно е да се истакне дека кај голем дел од современите моторни возила вклучувањето на воздушните перничиња во случај на сообраќајна незгода  е условено од користењето на сигурносниот појас.

-Како правилно да го  користете и одржувате сигурносниот појас и  како правилно да го прицврстите за телото?

За да може целосно да се исползуваат ефектите од сигурносниот појас  многу важно е истиот правилно да се користи и затоа важно е да ги знаете следниве детали:

  Горниот дел на појасот се протега преку рамото (не преку вратот), а долниот дел се протега  под стомакот и над колковите;

  Вметнете го  „јазикот“ – металниот дел од појасот во бравата за закопчување  се додека не чуете „КЛИК“;

  Појасот  треба да биде прилепен  што е можно поблиску до телото, ако тоа не случај, тогаш е потребно дополнително затегнување;

  Појасот не смее  да биде заплеткан и лабав.

  Ако возилото учествувало во сообраќајна незгода, сите користени безбедносни појаси треба да се заменат, дури и ако штетата не е видлива.

  Треба да се проверуваат безбедносните ремени повремено за да се утврди потенцијална штета. Не користете агресивни средства за чистење, бидејќи тие можат да го ослабат ременот.

  Специјалните  додатоци  кои наводно ја зголемуваат удобноста при користење појас спречуваат автоматско затегнување на појасот  и затоа се многу опасни. Појасот  не е  добро затегнат кога користите такви додатоци и на тој начин може да предизвикате сериозни повреди во случај на сообраќајна незгода.

РСБСП со апел: „ Биди паметен!  Не заборавај!  Возачите и патниците секогаш мора да користат сигурносен појас.  Дури и на  најкратките патувања.“


Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”