02 Мај, 2024
0.0254

Рударите порано во пензија

Објавено во: Економија 28 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска посети Македонска Каменица по повод Денот на рударите -28 август. На средбата со градоначалничката, Соња Стаменкова и со граѓаните, од кои поголемиот дел се рудари во рудникот САСА, Царовска рече дека со законските измени кои се во владина процедура наскоро ќе се решат долгогодишните барања на рударите за намалување на старосната граница за пензионирање.

„Како што ветивме, МТСП веќе изготви законско решение и очекуваме владата да го усвои на некоја од следните седници. Со новите измени се дава можност рударите да одат во старосна пензија со навршување на 40 години стаж за мажи, односно 35 години стаж за жени”, рече министерката Царовска, во Македонска Каменица.

Со предлог измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, рударите чиј стаж се смета со зголемено траење, добиваат намалување на возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж.

Министертсвото за труд и социјална политика ќе продолжи со ветените активности во делот на бенефицираниот стаж за што веќе е подготвена анализа со поддршка на Светска банка, а ќе се прави и ревизија на сите работни места за кои стажот на осигурување се смета со зголемено тарење.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?