РУСИЈА ИЛИ КАЗАХСТАН: Oд каде дојде радиоактивниот облак?
Објавено во: Свет 09 Ноември, 2017
Радиоактивен облак веќе неколку седмици има над Европа и тоа укажува дека се случила несреќа во нуклеарен објект во Русија или Казахстан во последната недела од септември.
Ова го соопшти Францускиот институт за нуклеарна безбедност ИРСН.
ИРСН ја исклучи можноста несреќата да се случила во нуклеарен реактор наведувајќи дека е поверојатно инцидентот да се случил во објект за нуклеарно гориво или во центар за радиоактивна медицина.
Институтот наведува дека нема влијание врз човечкото здравје или околината во Европа.
Во соопштението на ИРСН се наведува дека не може точно да се одреди локацијата на ослободување на радиоактивнот материјал, но дека според метеролошките податоци станува збор за област јужно планината Урал, помеѓу реките Урал и Волга, односно во Русија или Казахстан.