Русите би ги заштитиле американците со анти-ракетни системи
Објавено во: Свет 11 Февруари, 2018
Доколку американците се плашат од воздушни закани руската воена компанија Rostec е подготвена да ги заштити со нивниот препознатлив анти-ракетен систем S-400 кој веќе е активиран во земја членка на НАТО. Турција нарача пратка со мобилниот анти-ракетен систем S-400 во договор вреден 2,5 милијарди долари со што ќе ја зајакне својата одбрана.
Сегеј Чемезов, директорот на државната руска компанија Rostec во интервју за The Wall Street Journal истакна дека Русија е подготвена да им достави и продаде ракетни системи на било која нација која се смета дека е под закана и да ги купи најефикасните системи S-400 кои се наменети за одбрана, а не за напад.
Во САД, особено на Западниот брег владее голем страв од можна ескалација на односите со Северна Кореја од каде би биле испукани ракети со голем дострел кои може да погодат густо населени градови и да предизвикаат масовни жртви.