Рускиот амбасадор убиен по налог на Фетула Ѓулен!?
Објавено во: Свет 12 Јуни, 2017
Турција има се поголеми сомнежи дека атентатот врз рускиот амбасадор Андреј Карлов во Анкара бил нарачан од страна на поддржувачи на проповедникот Фетула Ѓулен кој исто така од турските власти е ставен на листата број еден терористи осомничен дека го организирал ланскиот неуспешен воен пуч.
Засега се чека на реакција и на руското министерство за надворешни работи дали ја прифаќаат истрагата на турските истражни органи и дали ќе имаат дополнителни барања за расветлување на атентатот на Карлов.
Амбасадорот беше застрелан на јавен настан откако убиецот поранешен полицаец влезе меѓу неговото обезбедување и му пукаше од зад грб извикувајќи пароли за народот кој страда во Сирија. Турските органи не ги откриваат мотивите зошто Ѓулен и организацијата ФЕТО би посакувале смрт на рускиот амбасадор.