Русковска „стегна“ демант за информации поврзани со Боки13
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2020
Обвинителството демантира дека Бојан Јовановски, барал да стане заштитен сведок во судскиот процес во кој е првоосомничен, но и дека кажал информации кои водат до врвот на власта.
Ова го потврдила обвинителката Вилма Русковска за дел од медиумите.
Русковска тврди дека Боки 13 во последните искази ниту кажал, ниту пак нешто понудил.
Според обвинителката, она што шоуменот го истакнал на последното рочиште биле заканите кои ги добивал за негова физичка ликвидација.
Јовановски кажа и дека се чувствува како политички затвореник.