03 Мај, 2024
0.0264

САД со дрон го уби главниот генерал на Иран како одмазда за нападот на американската амбасада

Објавено во: Свет 03 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот Доналд Трамп нареди воздушен напад со беспилотно летало со кое е  убиен генералот на иранската револуционерна гарда Касам Солејмани, моќниот шеф на иранската елита „Кудс сили“, на меѓународниот аеродром во Багдад, потврди Пентагон.

Во нападот загина и Абу Махди ал-Мухандис, заменик командант на милициите во Ирак, поддржани од Иран, познати како „Популарни сили за мобилизација“, кои беа одговорни за неодамнешниот напад врз амбасадата на САД во Багдад, соопштија официјалните лица.

Воздушниот напад е потенцијална пресвртна точка на Блискиот исток во се поизвесната  помеѓу САД и Иран и се очекува да привлече сериозна одмазда од Техеран и неговите регионални шиитски сојузници против Израел и американските интереси.

Во изјавата на Пентагон се вели: „По наредба на претседателот, американската армија презеде пресудна акција за да го заштити американскиот персонал во странство, убивајќи го Касем Солејмани“.

Наскоро откако се поотврди веста за успешниот напад, Трамп твитна слика на американско знаме, не понудувајќи дополнителни забелешки или објаснувања.

Иран го коментира нападот како акт на „меѓународен тероризам“, а врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хаменеи вети дека „сурова одмазда ги чека криминалците“ кои го убиле Солејмани.

Смртта на Солејмани, фигура длабоко вкоренета во иранскиот режим, за која многумина претпоставуваа дека е следниот водач на земјата, ги носи Иран и Америка на работ на сеопфатна војна. 

„Сите непријатели треба да знаат дека џихадот на отпорот ќе продолжи со двојна мотивација и конечна победа ги чека борците во светата војна“, додаде тој.

Иранскиот министер за одбрана, Амир Хатами, исто така му оддаде почит на Солејмани, ветувајќи: „одмазда за неправеден атентат врз Солејмани“.

Нападот се одвиваше со прецизен удар на два автомобили во кои беа превезувани Солејмани и ирачките милиции на меѓународниот аеродром. Четири прецизни ракети испукани од американско беспилотно летало ги погодија двата автомобили кои ги носеа Солејмани и неговата придружба, тврдат американски претставници. 

Солејмани, наводно, пристигнал во Багдад со лет од Сирија. 




Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место