11 Мај, 2024
0.0244

САЕМ НА КНИГАТА ОД 8. ДО 14. МАЈ ВО ВИП АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ: УНГАРИЈА – ЗЕМЈА ВО ФОКУСОТ

Објавено во: Мои пари 12 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Во период од 8. до 14. мај во ВИП Арената Борис Трајковски ќе се одржи 31-то издание на Саемот на книгата, кој веќе втора година по ред се одржува на оваа локација. Саемот на книгата е манифестација на која учество ќе земат добро познатите македонски издавачки куќи, но и оние од регионот, поточно од Унгарија, Србија, Косово и Албанија.

Повторно оваа година издавачките куќи, ќе ги понудат своите најнови изданија. Планирани се голем број на промоции, средби со автори и секако, љубителите на книгата можат да очекуваат големи саемски попусти.

Амбасадата на Република Унгарија во Република Северна Македонија, организира национално претставување на унгарската литература, при што Унгарија ќе се претстави како земја во фокусот на овогодинешниот Саем на книгата 2019.

“Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година Министерството за култура како покровител на саемската манифестацијата, очекуваме да овозможи поддршка на издавачите, овозможувајќи соодветни услови за промоција на литературата и издавачката дејност на Саемот на книгата 2019. Саемската манифестација која пред сè го слави читањето, ќе се одржува во периодот од 8. до 14. мај. Имајќи го во предвид националниот интерес и значење на Саемот на книгата, очекуваме активно учество на Министерството за култура – истакна проект менаџерот на Саемот на Книгата, Сања Кондарко.

Овој саем, кој зад себе има 30 годишна традиција, како еден од најголемите културни настани во земјата, е добро познат помеѓу љубителите на книгата. Очекувањата се дека овогодинешниот Саем на книгата со својата богата изложбена програма ќе ја надмине рекордната бројка од околу 45.000 посетители.


Можеби ќе ве интересира

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?