04 Мај, 2024
0.0405

САКАА ДА Ѝ ДАДАТ И ВТОРА ИНФУЗИЈА, НО НЕ МОЖЕА ДА Ѝ НАЈДАТ ВЕНА - таткото на малата Јана ги опишува последните моменти, на тагата и нема крај

Објавено во: Македонија 24 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Стојче Христовски, таткото на починатото петгодишно девојче од битолско Кравари кое вчера почина во Клиничката болница во Битола откако прими инфузија, за Макфакс во детали ги опишал последните моменти со ќерката.

„Откако истече инфузијата ситуацијата почна да се влошува. Го мерат пак шеќерот, тој 19 и се обидуваат втора инфузија да стават. Арно ама не можат вена да му најдат на чупето. Кај што ќе мавнеле со иглата избивала крв. Од тогаш се комплицираат работите. Ја пренесоа во друга сала, тука од карши кај што има кислород и такви работи. Ми се јави по телефон сопругата и ми вели – влегувај, лоша е ситуацијата, се искомплицира, исплашена. Влегов, седеше внатре на едно столче, јас стоев се се гледаше преку стаклата. Викнаа од ансетезиолозите, и ставија нешто и се покрена малку. Ја прашаа како се вика, рече Јана, се се слушаше и ја гледавме. Имаше наредено штипчиња за срцето да го следат, за пулсот, кислород, Се поврати чупето, си заминаа анестезилозите што беа, по пет до десет минути чупето пак почна да се губи. Тука веќе настана хаос. Ѕвонеа пак по телефони да дојдат анестезиолозите, една чистачка што беше тука ја пуштаа некаде, кажуваа оди земи ова, таа оди се враќа вели нема клуч, не знам каде е клучот. Веќе тука беше крајно. Јас гледав преку стаклото. Пробаа со електрошокови, со масажи на градите за да ја вратат, но ништо. Многумина беа тука собрани, не можев убаво да гледам, Можеби имаше пет-шестмина доктори, медицински персонал. Тука веќе ми беше јасно, ја ставија на еден кревет за да не ја носат на интензивна горе, тоа е на вториот кат, ама веќе се гледаше дека чупето нема знаци на живот. Ја масираа по градите ама тоа беше само колку да не ни кажат тука“, со грутка во грлото се кажува таткото.

Во изјава за Фактор, директорот, д-р Александар Обедниковски даде детали што се случило со девојчето. 

Можеби ќе ве интересира

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска