30 Април, 2024
0.0314

Сакате да ја намалите главоболката, ограничете ја солта

Објавено во: Стил 22 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Ограничувањето на солта ја намалува главоболката за цели 31%.

Тоа го покажа новото истражување што го направија американските научници од Универзитетот Џон Хопкинс.

Намалувањето на солта може да влијае на главоболката, бидејќи го намалува крвниот притисок и го балансира пулсот. Но, дури и кај луѓето со нормален крвен притисок, главоболка се намалува со ограничувањето на солта.

Ограничувањето на внесот на сол од 9 на 3 грама дневно, ќе ја намали главоболката за 31%. Во рамките на истражувањето околу 400 лица биле подложени или на диета со ниска содржина на масти и богата со овошје и зеленчук и на нискомаслени млечни производи, или на типична западна исхрана.

Учесниците земале храна со близу 9 грама сол на ден за одреден период, што е просечна потрошувачка на сол во САД.

Солта влијае на пулсот и крвниот притисок, во намален внес - се намалува крвниот притисок и се балансира пулсот.

сол

Во исто време научниците посочуваат дека преминот од здрава кон нездрава исхрана немало последици за главоболката.

Учесниците ги запишувале ефектите од промената на прием на сол како што се главоболка, сува уста, прекумерна жед, замор, недостаток на енергија, гадење и промена на вкусот. Па така е утврдено и влијанието на солта на главоболката.