26 Април, 2024
0.0311

Салата со краба, рижото со мача чај и шејтан: Врвниот мастер шеф во eco-friendly ресторанот Four подготвува неверојатни јадења со органски состојки во новото пролетно мени

Објавено во: Мои пари 07 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Ресторанот FOUR, дел од групацијата Паркленд,го претстави новото пролет - лето мени, со кое повторно докажува дека и моментните искушенија и предизвици можат да се претворат во нови можности. Секако само со тимска работа, со пасија, континуирана надградба и верба во она што се работи.  
Тимот на професионалци на чело со врвниот мастер шеф – Елефтериос Далагиоргос, со многу труд и посветеност создаваат нови вкусови кои досега не сте ги пробале во Македонија и пошироко – вкусови кои ги будат вашите најдлабоки сетила. Во разговор за Фактор тој вели дека по повеќемесечни експериментирања, тестирање и фокус и на вкусот и на надворешниот изглед, во новото мени се нашле  сосема несекојдневни комбинации кои се темелат на здрава исхрана, органски состојки и многу микротревки, зачини и зеленчук. Сите се од нивната домашно-одгледувана градина. Се подготвува салата со краба, со манго, јаболко и целер, говедски тартар со домашен путер од тартуфи и домашно правено органско ладно цедено масло, органско рижото со мача чај и шејтан, скалопс со домашно масло од ванила, полжави маринирани со лук и микро тревки.  Несекојдневно е, егзотично и на
изглед и на вкус. Новото мени нуди широк избор на морски специјалитети, домашни пасти, интернационални деликатеси, неодоливи вкусни десерти и уште голем број на други нови и несекојдневни вкусови.  Далагиоргос впрочем го носи вкусот на природата во новата пролетна и несекојдневна гастрономска авантура.

Далагиоргос: Изминатава година беше поразлична и исполнета со нови предизвици и искушенија. Ние го користевме секој момент за да ги претвориме тие предизвици во нови можности. Долго време истражуваме, експериментираме, дегустираме и работиме на новиот концепт, со цел да понудиме нешто поразлично за нашите гости, нешто ново и нешто свежо. На светско ниво е подигната свеста за здрава исхрани и здрави навики, па токму тоа сакаме да го понудиме и ние. Инвестиравме во нова опрема, спроведовме обуки за вработените и започнавме сосема нов еколошки пристап во работењето. Од набавки, до чување и складирање на храната, третман на отпадот, пакување и обработка на храната...се со цел да станеме eco friendly лидери во регионот. Новото мени е основано на органски и домашни производи, специфични и несекојдневни комбинации и вкусови, а при неговата изработка беше вклучен целиот тим на искусни шефови и помошници од кујната на FOUR.

Што е различно во оваа понуда, се прави во едно специфично време, во услови на долготрајна пандемија?

Далагиоргос: Дел од старите специјалитети се оставени во новото мени, оние кои се и ден денес омилени помеѓу нашите гости. Токму тие и ни се водилка за што понатаму, нивниот глас е најважен. Освен eco-friendly концептот и користење на исклучиво природни био состојки, како и органски сертифицирани производи, нашата цел беше со ова мени да ја подигнеме нашата улога како одговорна компанија кон заедницата на едно сосема ново ниво, посебно имајќи ги во предвид економските потешкотии со кои се соочуваат бизнисите и домашната економија. Токму од таа причина, се одлучивме да даваме предност на локални производители и бизниси, на тој начин поддржувајќи ги и нив и домашната економија. Секој процес кај нас, без разлика дали е за нов производ или услуга, секогаш се гледа од повеќе агли и од догорочна перспектива, како за ресторанот и тимот позади истите, така  и за значењето кое би го имало во една поширока слика.

Рековте дека менито содржи многу несекојдневни комбинации, можеби за прв пат сретнати тука и пошироко. Како доаѓавте до овие комбинации?

Далагиоргос: Нашата предност како тим е што секој од нас носи искуство од различна област со долги години искуство, без разлика дали е во медитеранската кујна, интернационалната, специјалитети со месо, слатки работи итн. Енергијата и искуството си го направија своето, зајакнати од многу наши нови млади колеги дел од тимотна ресторанот, кои донесоа многу свежина, елан и нови идеи.

Експериментиравме, вклучувавме различни фокус групи за пробување, па се враќавме чекор назад, па се од почеток...се додека не добиеме совршенство од изглед и вкус.

Тука би ги споменал: равиоли од јастог со шафрон и вермут, сервирани со биск и планктон сос со блек тајгер шкампи, органско рижото со мача чај и шејтан, скалопс со домашно масло од ванила, полжави маринирани со лук и микро тревки, кремата салата од краба со целер, јаболко, манго со вегански мајонез и микро тревки кои ги одгледуваме ние самите во специјални услови, скалопс со масло од ванила, лимон и портокал тапиока сервирани на табуле салата ... и многу други, во зависност од преференциите на гостите. Во ова мени ги додадовме и нашите најпродавани јадења од претходни интернационали кујни, па така нашите гости имаат можност да пробаат специјалитети од арабска, корејска, тајландска, француска, грчка, српска и италијанската кујна.  

Звучи импресивно, најверојатно е и многу вкусно. Рековте имате и своја градина. По кој концепт ќе за развива вашата работа во следниот период?

Далагиоргос: Она што и во изминатиов период на искушенија и секој ден досега ни беше наш фокус се следење на врвните светски стандарди во работење и беспрекорен квалитет, слушајќи го гласот на нашите гости. Не отстапуваме од она што со години го градевме како бренд, и како ресторан Four и еве веќе 2 години како дел од Паркленд групацијата. Имаме огромна одговорност кон нашите клиенти, партнери, соработници и гости.

Веќе поседуваме и наша сопствена градина и  наше лично производство на органски зеленчук, овошје и други здрави намирници, односно наша зелена градина, која ќе даде дополнителна вредност и квалитет на се она што до сега го создадовме. Овој е голем проект, каде покрај сите локални производи, бараме и семиња кои ги нема кај нас.

Имаме јасна визија а таа е да станеме лидер во –eco-friendly концептот во регионот и да послужиме како пример на општествено одговорна компанија. Веќе сме на добар пат, но секако има уште многу работа. Она што е најважно е дека сите заеднички веруваме во таа визија и заедно го надградуваме брендот.


Можеби ќе ве интересира

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ