08 Мај, 2024
0.0222

„Самоопределување“ на Албин Курти: Албанците со историски рекорд на пратеници во Македонија

Објавено во: Балкан 17 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Еден ден по националните избори во Северна Македонија, Движењето „Самоопределување“ ги поздрави позитивните резултати на Албанците во Македонија, каде според опозициската партија од Косово тие може да бидат од 32 до 34 пратенички места.

Опозициската партија во Косово ја поздрави посветеноста на партиите да се мобилизираат гласачите Албанци да излезат на гласање и да го постигнат овој рекорд, додека најавуваат дека наскоро ќе го отвори својот партиски центар во Македонија.

„Изборите се одржаа во средата на 15 јули во Република Северна Македонија. Движење „Самоопределување“ ги следеше овие избори со голем интерес, затоа што тие се одржуваат во соседна земја и добар партнер на Косово, но особено затоа што во таа земја живее како автохтона голема албанска заедница. Ангажирањето и конкуренцијата беше силна кај албанските политички ентитети и ова ги мобилизираше гласачите да учествуваат на изборите. Додека ние сè уште ги чекаме конечните резултати, добра вест е што според првичните резултати што ги објави комисијата, 32-34 албански пратеници ќе седнат во македонскиот парламент. Ова е големо закрепнување од последните избори, каде само 23 Албанци ја презедоа должноста“, гласи реакцијата на „Самоопределување“.

Но, тоа е исто така рекорд сам по себе, со оглед на тоа што претходниот најголем број албански пратеници беше 29, велат од таму и додаваат дека добро е тоа што севкупен победник во семјата е СДСМ и коалицијата, бидејќи како што велат од таму, владеачката партија била мошне отворена за Албанците.



Можеби ќе ве интересира

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово