26 Април, 2024
0.0272

Самсунг започна со масовно производство на првиот индустриски 12Gb LPDDR5 Мобилен DRAM за премиум смартфони

Новиот Самсунг 12Gb LPDDR5 е базиран на најновите DRAM стандарди и го зголемува потенцијалот на 5G и Вештачката интелигенција

Објавено во: Мои пари 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Samsung Electronics Co., Ltd., светскиот лидер во развиени мемориски технологии, денес објави дека започна со масовно производство на првиот индустриски 12-gigabit (Gb) LPDDR5 мобилен DRAM, кој е оптимизиран за подобрување на 5G и Вештачката интелигенција во идните смартфони. Новата мобилна меморија доаѓа само 5 месеци по најавата на масовната продукција на 12GB LPDDR4X, целосно зацврстувајќи ја премиум линијата на меморија на компанијата. Воедно, Самсунгпланира да започне со масовно производство на 12 гигабитни (GB) LPDDR5 пакети кон крајот на месецот, секој пакет вклучува осум од 12-те Gb чипови, по барањена растечката потреба на смартфони со повисоки перформанси и капацитети од премиум произведувачите на смартфони.

„Со масовното производство на 12Gb LPDDR5, креиран на последниот втора-генерација 10-нанометри (nm) процес од Самсунг, сме возбудени што можеме да го поддржиме лансирањето на 5G смартфони за нашите клиенти низ цел свет,“ порача Јунг-бае Ли, извршен заменик претседател на DRAM Производство и Технологија, Samsung Electronics. “Самсунгостанува целосно посветен на тоа брзо да ги претставува идните технологии на мобилни мемории што овозможуваат подобри перформанси и поголеми капацитети, како и продолжување во агресивниот развој на премиум пазарот за меморија.“


Благодарение тоа што во индустријата ги имаат најдобрите брзини и енергетска ефикасност, новиот мобилен DRAM на Самсунгможе да им помогне на најдобрите смартфони од следната генерација целосно да ги искористат капацитетите на 5G и Вештачката интелигенција како ултра високото снимање на видео и машинското учење, зголемувајќи го животот на батеријата.

Со дата стапка од 5,500 megabits per second (Mb/s), 12Gb LPDDR5 е околу 1.3 пати побрз од претходните мобилни мемории (LPDDR4X, 4266Mb/s) кои може да се најдат во денешните најдобри смартфони. Во пакет од 12GB, LPDDR5 може да пренесе 44GB на податоци, или 12 целосно HD (3.7GB-големина) филмови, за само 1 секунда. Новиот чип користи до 30% помалку енергија за разлика од неговите претходници интегрирајќи нов дизајн на колата со подобрени брзини, тренинг и ниско потрошувачки карактеристики кои гарантираат стабилни перформанси дури кога работат со многу големи брзини.

Со цел производствениот капацитет подобро да се менаџира и со повеќе флексибилност, Самсунг размислува за пренесување на производството на 12Gb LPDDR5 на својот Pyeongtaek кампус во Кореа наредната година, зависно од побарувачката од глобалните потрошувачи. По претставувањето на 12Gb LPDDR5 мобилен DRAM, Самсунгочекува да се развие и 16Gb LPDDR5 наредната година, со цел да го зацврсти конкурентната предност на глобалниот пазар за меморија.

Можеби ќе ве интересира

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ