04 Мај, 2024
0.0311

СДСМ: Ќе биде избрана и новата реформска Влада

Објавено во: Македонија 30 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Од СДСМ велат дека парламентарното мнозинство ја реализираше својата обврска кон граѓаните, достоинствено, мудро и внимателно, како што им доликува на новите политичари што народот ги избра да ја водат државата.

Новиот претседател на Собранието е избран според Деловникот, законите и Уставот, додаваат од партијата.

„Во периодот што престои, согласно Деловникот, Уставот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада на граѓаните. Демократските процеси ќе продожат бидејки тоа е иднината на граѓаните за квалитетен живот и тоа е патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Тоа е мнозинската волја на граѓаните и таа одлучува, а не на групата насилници и криминалци. Парламентарното мнозинство за овој процес ја има поддршката од најмалку 700.000 граѓани кои избраа промени, но и на сите други граѓани и припадници, активисти на партии кои видоа колку е грдо лицето на Груевски, Иванов, Велјаноски, Чавков и насилниците извршители и не сакаат да бидат нивни соучесници и нивен инструмент во иднина. Нема повеќе место за политиките на тензии, поделби, омраза, дестабилизација со што сите тие со крвавото насилство во Парламентот направија тешко кривично дело, терористичкото зaгрозување на уставниот поредок и безбедноста на пратеници, новинари, вработени во Собранието и врз државната институција, Парламентот“ - стои во соопштението од СДСМ. 

Бараат ЈО и МВР итно да постапат по службена должност за ова организирано сценарио и нарачателите, насилниците и криминалците, да понесат одговорност.

Македонија е на патот на демократијата и оди напред. Никој не смее и нема да ги попречи демократските процеси, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска