СДСМ ќе го бојкотира Талат Џафери
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2019
Заменик претседателот на Собранието, Фросина Ременски денес не е присутна на редовна координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, додека пратеничјата група на СДСМ одбива да оди на и на пленарни седници, во знак на револт кон собранискиот спикер кој не го стави предлогот за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски со што се проби рокот на барањето на судоит..
"Ова не е прашање за Собранието, туку за Судот. Собранието мораше да го прогласи притворот на Вељановски во рок од три дена. Во 00:01 тоа е нов ден. Пратениците на СДСМ денес нема да одат на седниците. Ние не сакаме да бидеме алиби дека се е нормално, дека она што се случи синоќа не е договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ", информираат неофицијално од СДСМ.
Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, веќе го обвини ДУИ на социјалните мрежи.
"Талат Џафери, ДУИ треба да објаснат пред јавноста зошто го спасија побратимот Трајко Вељаноски? !!!“, напиша Зекири.
Индиректно најави дека ако во 2019-та има избори Дуи ќе освои уште помалку гласови од претходните избори. Од 153.000 во 2014-та, партијата падна на 86.000 на крајот од 2016-та.