07 Мај, 2024
0.0264

СДСМ: Мицкоски е лицемерен

Објавено во: Македонија 25 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Откако првиот опозиционер денеска преку Фејсбук порача дека ВМРО ДПМНЕ се откажува од парите за референдумската кампања, СДСМ го обвини дека е лицемерен.

„Пред да се расфрла со лицемерни ставови, Христијан Мицкоски пред јавноста треба да го соопшти неговиот и ставот на неговата партија за референдумот и најважното прашање во историјата на независна Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го условуваа формирањето на Државната изборна комисија со барањето да се донесе закон за финансирање на партиите со пари од Буџетот“, велат од СДСМ.

Потоа додаваат:

„ВМРО-ДПМНЕ со години трошеше десетици милиони евра пари на граѓаните за рекламни кампањи, пропаганда и манипулација на јавноста. Денес кога треба да се покаже одговорност пред иднината и пред граѓаните, Мицкоски се однесува лицемерно и неодговорно.

Мицкоски да не се грижи, Владата предводена од СДСМ работи одговорно и во интерес на граѓаните и има обезбедено средства за реконтрукција и изградба на нови училишта, меѓу кои е и гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ којашто со години го урнисуваше образованието, Владата предводена од СДСМ инвестира во квалитетен образовен систем. Во моменов се врши реконтрукција на 13 основни училишта низ цела Македонија. Дополнително во градот Скопје и во другите општини се обновуваат и средните училишта, кои беа заборавени во изминатите 11 години.

Наместо лицемерие и лаги во кои веќе не веруваат ниту во неговата партија, Мицкоски треба да покаже минимум одговорност за историскиот момент и пред граѓаните да одгвори дали е за напредок и интеграција на Македонија или е за враќање во минатото на изолација, уназадување и неизвесност?

Огромното мнозинство на граѓани е определено за напредок, за интеграција и македонска иднина со заштитен и зајакнат македонски идентитет“, стои во соопштението на владеачката партија испратено како реакција на тврдењата на Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден