04 Мај, 2024
0.0293

СДСМ: Мицковски одбива да се спротивстави на политиките на деструкција

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

СДСМ обвинува дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со политиките на создавање вештачки поделби, на блокади и на пласирање на лажни вести, коишто се во спротивност со интересите на граѓаните на Република Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата со која раководи Мицкоски, 11 години ги задолжуваше и осиромашуваше граѓаните, а парите од скапите задолжувања ги трошеше на барок, споменици, лускуз и богатење на поединци, со што ја опустоши и уназади економијата.

За разлика од таквото расипничко и криминално трошење на парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со финансиите за краток период успеа да ја стабилизира економијата и да ја направи развојна. Јавниот и државниот долг за првпат по 2009 година се намалени, минималната плата е зголемена на 12.000 денари и важи за вработените во сите индустрии, а преку  Планот за економски раст се создаваат услови за нови работни места и повисоки плати. Последен доказ за исправноста на фискалните и економските политики е оценката на меѓународната агенција „Фич“ којашто го промени изгледот на Македонија од негативен во позитивен, со потврден ББ рејтинг.

Очигледно е дека Мицковски одбива да се спротивстави на политиките на деструкција и блокади што неговата партија ги прави исклучиво заради лични и еднострани партиски интереси. Законот за употребата на јазиците е во согласност со Уставот и Амандманот 5 и со него се унапредува употребата на јазиците на сите незмнозински заедници што живеат во Македонија. Десетиците илјадници поднесени амандмани за само еден закон имаат цел да ги кочат започнатите реформски процеси и со тоа да наштетат на интересите на сите граѓани. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со ваквата политика се противат на европските вредности на единственото и заедничко општество кое го градиме со граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави