28 Април, 2024
0.0290

СДСМ: Наместо 1.071 каранфил, ВМРО-ДПМНЕ треба да упати 1.071 извинување за здравствената криза

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Владејачката СДСМ денеска со жестока реакција по вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, на кој тие пред Владата поставија 1.071 каранфил за жртвите од короната, сакајќи на тој начин да илустрираат колку оваа власт, спопред нив, не се снашла во менаџирањето на здравствената криза. 

„Нема крај лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија продолжува да дејствува опасно по јавното здравје и бесрамно ги злоупотребува човечките судбини, за спас на фотелјата на губитникот Мицкоски. Од ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата со коронакризата видовме само опструкции, критики и лицемерно однесување. Кога започна пандемијата, тие се исмеваа со корона-вирусот, прво беа против вонредна состојба, а после бараа вонредна состојба. Нивниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев не казнуваше за непочитување на мерките, а дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска ги закочи средствата од Светска банка за опремување на ковид-болниците за справување со здравствените предизвици. Сакаа да ги одложат парламентарните избори за наесен, поради лажна загриженост за здравјето на граѓаните, а целата кампања ја истераа со масовни собири, со целосно игнорирање на мерките за заштита“, се вели во соопштението од владејачката СДСМ.

По изборите, според партијата, продолжило кочењето и саботирањето на системот и мерките во Собранието, со одолговлекување на донесувањето на измените во Законот за заштита на населението од заразни болести, со барања за формирање паралелна здравствена комисија, за ребаланост на Буџетот.

„Истовремено организираат масовни собири, на кои воопшто не ги почитуваат мерките на заштита. И сега прават перформанс за луѓето кои, за жал, ја изгубија битката со болеста. Наместо 1.071 каранфил, ВМРО-ДПМНЕ треба да упати 1.071 извинување за сета штета што ја прави кон граѓаните и кон здравствениот систем“, бараат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица