КОЛКУ ПОЧИНАТИ, ТОЛКУ КАРАНФИЛИ ПРЕД ВЛАДАТА: ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2020
ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќиња пред Владата за починатите од коронавирусот.
Тие оставија 1.071 каранфил пред Владата
Партијата како организатор на протестот истакнува дека министерот за здравство, Венко Филипче не е способен да ги заштити граѓаните. Според нив, 12.762 активни случаи од Ковид – 19 ја потврдуваат негрижата на Филипче за граѓаните.
ВМРО - ДПМНЕ побара оставка од министерот Филипче, кој, заедно со претседателот на Владата Зоран Заев ги сметаат за најголеми виновници за смртта на 1.071 починат пациент од Ковид-19 во Македонија.
„Секојдневната бројка на новозаразени и починати од КОВИД-19 алармира дека министерот за геноцид Филипче не е способен да ги заштити граѓаните. 12.002 активни случаи од Ковид– 19 ја потврдуваат негрижата на Филипче за граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека 1.071 починат не е само бројка, се работи за човечки живот, и затоа побара веднаш оставка од Филипче.
Од ВМРО-ДПМНЕ и претходно бараа министерот да поднесе оставка.
За 24 часа имаме 13 починати од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.