СДСМ: „Нож“, „пишти – вришти“,„убивање“ тоа е речникот на Мицкоски
Објавено во: Македонија 23 Декември, 2018
Од СДСМ му одговараат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека Македонија сега има јасна иднина.
Црнилата на ВМРО-ДПМНЕ за кои зборува Мицкоски, за 11 години иселија 600 илјади граѓани, завршија, велат од партијата.
„Нож“, „пишти – вришти“,„убивање“ и слични зборови, тоа е речникот на Христијан Мицкоски со кој се обраќа пред подмладокот на сопствената партија. Саде црнила, негативност, нискост. Тоа е капацитетот на антизападниот Христијан Мицкоски, левата рака на Никола Груевски. Друго и не може да се очекува од него, со секое ново обраќање Мицкоски потврдува дека е недостоен за Македонија и неспособен, дека нема план, нема визија. Црнила беа криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ кои буквално протераа 600.000 граѓани, пред се млади во потрага по подобар живот“ – се наведува во соопштението.
Оттаму велат дека Македонија живеела во изолација без иднина, без насока, далеку од ЕУ и НАТО.
„Секој ден сме чекор понапред во борбата со сиромаштијата. Чекор по чекор ги подобруваме условите за живот на најранливите, на осиромашените. Работите се менуваат, проблемите се решаваат“ – се вели во соопштението.
Оттаму додаваат дека „секој ден сме се поблиску до ЕУ и НАТО“.