Се бара одземање на пасошот на Јакимовски
Објавено во: Македонија 08 Август, 2018
Надлежниот обвинител во случајот со екс градоначалникот Стевчо Јакимовски, до судот поднел предлог на него и четворицата негови соработнии да им одреди мерки на претпазливост – повремено да се јавуваат во судот и да им се одземат патните исправи.
Сите се осомничени за делото злоупотреба на службената положба и овластувања.
По распитот во судот, од Кривичен треба да ја соопштат одлуката за мерките на претпазливост.