Се бара секој Македонец да може да одгледува максимум три стебла канабис за рекреативни цели
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2020
Здружението за канабис и зелени политики „БИЛКА“ во својата иницијатива за легализација и декриминализација на марихуаната, бара секој граѓанин да може да одгледува максимум до три стебла канабис за рекреативни цели.
Ова е наведено во најавата на првиот Македонски канабис форум, во онлајн формат, на 30 и 31 октомври, во поглед на барањето за дополнителни законски измени за опојните дроги.
- Како прво, „БИЛКА“ бара декриминализација на канабис преку измени во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци и Кривичниот Законик со законско детерминирање на количина за лична употреба од педесет грама. Потоа, бришење на кривична евиденција на уживатели на канабис судени за „намера за продажбa“, велат од „Билка“.
Од таму вараат да биде дозволено одгледување на до десет стебла за медицински цели од лица кои имаат дијагнози кај кои канабисот може да помогне и три растенија за рекреативни цели. Задолжителна регистрација при државно тело.
Од таму очекуваат да се прошири листата на заболувања каде може да се препише канабис, бидејќи до сега неговата употреба е ограничена само на канцер, мултиплекс склероза, епилепсија и ХИВ.
Секое правно лице кое поседува лиценца за производи од канабис да мора 10 отсто од истите да ги пласира на македонскиот пазар.
„Основање на посебна Агенција за канабис или засебно одделение при МАЛМЕД. Оригинална идеа на ‘БИЛКА’ од самото основање. Основање на Институт за канабис при Земјоделскиот факултет на УКИМ, преку измени во Законот за високо образование. Оригинална идеа на ‘БИЛКА’ и пар професори од Земјоделски факултет“, соопштуваат од Здружението.
Владата засега вели дека е отворени во секој момент да разговара за иницијативите за законски измени кои ги бараат здруженијата, а премиерот Зоран Заев наведе дека ќе има отворена дебата.